OpenAI започна со тестирање на нова можност на нивниот „четбот“ ChatGPT, која овозможува подобро „запознавање“ со корисникот и поради тоа подобро корисничко искуство.
Во основа, ChatGPT добива меморија, односно способност да ги запамети важните информации за корисникот со цел тој да не мора повторно и повторно да ги кажува кога работи со „четботот“.
Како вакви информации се сметаат имињата на децата, каде работи корисникот, кој програмски јазик го користи, каде сака да патува, каков тип на текст сака и многу повеќе.
ChatGPT сите овие информации за корисникот ќе ги памети, без разлика дали корисникот конкретно му ги има нагласено или се споменуваат во разговорите. Во наредните разговори, корисникот веќе нема да мора да ги повторува истите информации.

Меморијата на ChatGPT ќе може да се исклучи по потреба, а од посебен контролен центар корисниците ќе можат и да избришат делови од меморијата кои сметаат дека треба од било која потреба.
Засега оваа новина се тестира со помал број на корисници на бесплатната верзија од ChatGPT и Plus претплатата. Од OpenAI истакнуваат дека како и другите податоци, меморијата се користи за тренирање на јазичниот модел, па не треба секогаш да се нагласува дека ваквите алатки не треба да се користат за приватни и важни работи кои корисникот би сакал да ги задржи за себе.
Од компанијата најавија и нов привремен режим на разговор кој кога е вклучен ChatGPТ нема да ги користи информациите за меморијата, односно нема да ги додава во истата.