Според неофицијалните информации, објавени од страна на The Information, Apple ги имаат избрано Alibaba како партнер со кого на кинеските корисници ќе им овозможи функции со генеративна вештачка интелигенција, односно пристап до Apple Intelligence.
Моментално Apple Intelligence им е достапна на корисниците во светот, но само доколку го постават јазикот на англиски, во неколку од своите верзии, но не им е достапна на овој начин на кинеските корисници.
Пуштањето на функцијата во Кина се очекува во април, заедно со пуштањето на Apple Intelligence за уште неколку од светските јазици, покрај англиски.
Очекувано, за кинескиот пазар работите се нешто поразлични, па Apple наместо да ги прилагоди своите јазични модели и да ги задоволи регулаторните тела, настапот во земјата ќе го направи со партнер.
Изгледа тој партнер ќе бидат познатите Alibaba, а наводно преговори имало и со ByteDance, сопственикот на TikTok, како и со Baidu и Tencent. Според информациите, најдобро се имаат покажано од Alibaba, а тука е и барањата кои ги поставува Apple за приватност, па затоа е избран овој партнер.
Во април се очекува пуштањето на iOS 18.4 и останатите системи, а со тоа и конечно нешто подобрата верзија од Siri асистентот. Вистинските промени кај Siri се очекуваат сепак за идната година со iOS 19.4, кога се очекува дека овој асистент ќе функционира на јазични модели целосно развиени од Apple.