Денес започнува годишната прослава на Светската недела на вселената во Македонија, со темата “Месечината: Порта кон ѕвездите”. Целта на овој настан на глобално ниво е да се стави акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на изминатата година за решавање на предизвици на планетета земја и во вселената.

Оваа година во склоп на неделата на вселената се организирани различни настани, и активности за целата јавност. Покрај посетата на Кокино, посетите во Планетариум за деца и возрасни, како и детските работилници, оваа година, организаторите испраќаат и една моќна порака, „СИТЕ ДЕЛИМЕ ИСТА МЕСЕЧИНА!“.

Во соработка со “We share the same Moon”, под мотото „Сите делиме иста месечина!“ за целата македонска јавност се достапни различни ресурси, видеа и приказни на знаковен јазик и уште многу други активности поврзани со нашиот природен сателит Месечината.

Видеата за лица со попреченост можете да ги најдете на следниот линк со наслов:
Travelling to Moon

Shooting Down the Sun

Активностите за деца со вселенска тематика можете да ги најдете на следниот линк.

Сите ресурси се на англиски јазик и се надеваме дека во иднина ќе бидат преведени на македонски.

Ресурсите поделени по возрасни групи, по теми и по вид на активност се достапни на следниот линк.

Претходна статијаЕвропската Унија и Советот на Европа продолжуваат со поддршка на реформите во Западен Балкан и Турција
Следна статија2.000 тркачи на бул. Илинден како дел од Skopje Run 10K