Apple оваа недела почна да испраќа покани до медиумите за настан којшто ќе го одржи на 2-ри декември. За разлика од другите настани, овој нема да биде за претставување на некој нов уред или за претставување на нова верзија од нивните оперативни системи.

Овој настан ќе биде замена за досегашните објави на најдобрите апликации и игри на платформите на Apple, а поканата гласи:

„Придружете ни се за Apple специјален настан во чест на нашите омилени апликации и игри за 2019“.

Претставувањето на оваа листа на апликации во форма на настан, наместо само објава на нивниот блог, може да значи дека тие планираат нешто повеќе, како на пример доделување на награди, претставување на нови партнерства за нови апликации и слично.

Apple има што да каже на еден ваков настан. Тие оваа година го претставија својот сервис за игри, Apple Arcade, а на iPadOS дојдоа познати апликации како Photoshop и слични. Подобрата презентација на се што е ново на нивните платформи дефинитивно е подобро да се направи на посебен настан, отколку преку едно известување до медиумите.

Настанот ќе се одржи на 2-ри декември во Њујорк со почеток во 22:00 часот по македонско време.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.