На настанот којшто Apple го одржа оваа недела, покрај долгоочекуваниот Apple TV+, како и Apple Card, беше претставен и нов сервис за игри, Apple Arcade.

Како и сите слични сервиси, Apple Arcade ќе работи на основа на месечна претплата со која ќе се добие пристап до „колекцијата“ на игри, која треба да ја надополни веќе огромната бројка која на корисниците им е достапна преку App Store.

„Apple Arcade игрите ќе ги редефинираат игрите и ќе бидат составувани на основа на оригиналност, квалитет, креативност, забава и нивната привлечност за играчите од сите возрасти. Со едноставноста на една претплата, Apple Arcade ќе ги донесе ваквите игри до веќе постојните повеќе од 1 милијарда купувачи на игри на App Store. Apple Arcade е перфектниот додаток на веќе многу популарниот каталог на бесплатни игри во App Store, правејќи го iOS премиум гејминг платформа за играчи од сите возрасти.“ – истакнуваат од Apple.

Како и се во кое влегува Apple, така и игрите ќе добијат посебно внимание. Ќе се соработува со познати студија за игри, како и со независни развивачи, кои ќе ги донесат своите игри ексклузивно на платформата од Apple.

Овој сервис, исто како Apple TV+, ќе стане достапен од оваа есен, но не е позната цената која ќе ја има. Според бројката од 150 земји во кои треба да биде достапен, Apple Arcade би требало да им биде достапен и на нашите корисници.

ИЗВОРApple
Претходна статијаЗошто САД ги „банира“ Huawei?
Следна статијаШто претстави Apple оваа недела, во 7 минути
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.