Raspberry ја претстави четвртата верзија од нивниот познат Raspberry Pi мини компјутер. Овој компјутер е познат по тоа што чини само 35 долари, за основната верзија, а беше одличен начин за „аматерите“, па и професионалците, да ги реализираат своите проекти за паметен дом, на пример, програмирање и слично.

Raspberry Pi 4 доаѓа со доволно подобрени компоненти, што тој веќе се истакнува дека може да се користи како помала и поевтина алтернатива за десктоп компјутер. Овој нов уред може да се користи слободно за сурфање, работење во Office програми, како и за гледање на видео содржина.

Новите и подобрени компоненти го прават одличен за корисниците кои сакаат нешто повеќе од својот уред, а тој сепак останува одличен за неговата главна намена.

Сега, Raspberry Pi 4 може да се земе со до 4 GB RAM меморија, доаѓа со процесор кој може да работи со 1,5 GHz, има USB Type-C порти, две micro HDMI порти кои поддржуваат 4K содржина и повеќе.

Иако некои тестирања покажуваат дека овој уред сепак има одредени проблеми кога треба да пушта видео содржина на цел екран, сепак тој се промовира и како уред кој може да се користи за гледање на видео содржина.

Цената на Raspberry Pi 4 останува 35 долари, за основната верзија, а зависно од компонентите, како и додатоците, истата расте, но сепак е пониска од било кој друг десктоп компјутер.

ИЗВОРRaspberry Pi
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЧитај каде и да одиш – Летен фестивал на книгата во ТРИ
Следна статијаGood Omens (првични впечатоци)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.