Apple Mac Pro, едно време незаменлива алатка на професионалците кои работат со видео, слики, како и анализа на податоци, сепак изминатите години ја изгуби до некаде таа своја позиција. Причината за тоа секако не е во слабите компоненти или слично, туку едноставно во намалување на флексибилноста на системот кој доби поинтересен и футуристички дизајн, на сметка на дел од функционалностите.

За време на WWDC 2019 оваа недела Apple ја претстави најновата генерација на Mac Pro која е целосно редизајнирана и според тоа што може да се види, ќе ја врати оваа серија на врвот на пазарот.

Mac Pro веќе не доаѓа во „чудна“ форма која претставува одредена пречка за додавање и менување на компонентите, па повторно се враќа во старата, класична и веќе докажана квадратна форма.

Изработен од рамка од нерѓосувачки челик и одлично дизајнирана кутија од алуминиум, Mac Pro е направен да може лесно да се отвори и да се креира потребната конфигурација во било кое време.

Mac Pro доаѓа со едни од најсилните достапни компоненти на пазарот со што станува незаменлива алатка за професионалците, чија работа бара големи ресурси.

Intel Xeon процесорите ќе бидат задолжение за моќта на машината, а тие ќе можат да имаат до 28 јадра. Меморијата ќе има 12 слотови за 6 канални модули со што ќе се овозможи максимум од 1,5 TB RAM меморија, а од овие карактеристики веднаш се гледа намената и класата на овој компјутер, а сигурно и цената.

Достапни се и 8 PCI Express слотови на кое ќе можат да се додадат сите потребни картички за носење на машината до максимум од можната моќ, а истата посебно ќе може да се постигне преку новиот MPX модул којшто ќе овозможи поставување на дупли видео картички. Во најсилната конфигурација графичката картичка која ќе биде достапна е Radeon Pro Vega II Duo.

Заедно со Mac Pro, Apple претстави и 6К монитор, а од компанијата на пазарот ги претставуваат едни од најдобрите монитори, а посебно кога е во прашање „про“ категоријата.

Се работи за монитор со 32 инчен екран со огромна резолуција од 6016 на 3384 пиксели. Кога на тоа ќе се додаде минималната рамка околу екранот, може да се замисли зошто овој монитор ќе чини повеќе од 5000 долари.

Детални информации за Mac Pro и Pro Display XDR мониторот можете да прочитате на официјалната страна на Apple на овој линк.

ИЗВОРApple
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаiPad уредите добиваат свој посебен оперативен систем – Apple го најави iPadOS
Следна статијаmacOS 10.15 Catalina е најновата верзија од системот која Apple ја претстави на WWDC 2019
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.