Во јуни оваа година, Facebook ја најави долгоочекуваната и повеќе пати предмет на шпекулации, криптовалута, Libra. Без разлика на очекувањата, Facebook се одлучи да се здружи со повеќе компании и дури да не го задржи мнозинскиот удел во формираната организација за таа цел, Libra Association.

Како дел од Libra Association беа најавени повеќе познати имиња како Visa, Mastercard, Uber, PayPal, Spotify, eBay, Lyft, Vodafone и други, па вака на прв поглед се чинеше дека за разлика од Bitcoin и другите, Libra навистина ќе има шанса да направи нешто.

За разлика од другите криптовалути, Libra беше најавено дека ќе функционира на нешто поразличен начин. Основата ќе биде на блокчејн технологијата, со што се гарантира одредена безбедност на трансакциите и слично, но сепак формирањето на вредноста ќе биде контролирано, а различно ќе биде и регулирањето на трансакциите и нема да биде достапно познатото „копање“.

Очекувањата се или барем беа, дека Libra ќе биде официјално пуштена идната година, но во меѓувреме се појавија одредени проблеми, во главно со властите во повеќе земји. Тоа значи дека сепак изгледа светот не е спремен да дозволи функционирање на една ваква валута масовно.

PayPal, што е едно од најзвучните имиња, реши да излезе со Libra Association, со што се поставува и прашањето за иднината на Libra. По PayPal под знак прашалник е останување и на Visa и Mastercard, па ќе биде интересно да видиме што ќе се случува со овој првенствено обид на Facebook за промена на начинот на којшто функционираат парите во светот.

ИЗВОРVB
Претходна статијаStartup Weekend повторно во Скопје
Следна статијаThreads е нова апликација за разговори со вашите блиски пријатели на Instagram
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.