Во 2013 година Едвард Сноуден стана најпознатиот „свиркач“ (whistle-blower). Тој објави илјадници документи кои открија голем број на глобални програми за масовно следење на комуникациите од страна на американската НСА. Во истиот период, или можеби и неколку години порано (од 2008 некаде), како што е одлично документирано од Новица Наков, во Македонија се инсталира систем со кој „УБК може директно да ги следи комуникациите, самостојно и непречено, без разлика дали е издаден судски налог…“ (Извештајот на Прибе од 2015).

И, додека кај нас сеуште траат можеби најважните кривични истраги за тоа кој бил Големото Уво и како се газело врз правото на приватност на илјадници граѓани, Европскиот суд за човекови права донесе уште една важна пресуда за овие прашања и го потврдува статусот на херој на Сноуден.

За што станува збор и што значи пресудата за нас?

———————————

Во случајот Big Brother Watch & Others v. Велика Британија, група на новинари и активисти од Британија ја предизвикуваат програмата за следење на националните служби дека е закана, односно ги прекршува правото на приватност и незаконски навлегува во приватните животи и домови на граѓаните. Поточно, тужбата предизвикува три елементи од системите за следење: 1) сеопфатно пресретнување на комуникациите (bulk interception of communications), 2) споделување на податоци помеѓу безбедносните служби на државите; и 3) следење комуникации и податоци од телекомуникациските оператори.

Што вели Судот од Стразбур?

Прво, Судот потенцира дека сеопфатно пресретнување на комуникациите не е прекршување на Конвенцијата само по себе – Владите имаат широка дискреција (“a wide margin of appreciation”) во одлучување кои системи им се неопходни за да ја заштитат националната безбедност. Сепак, сериозни контроли и заштити мора да постојат со цел да се минимизира било каков ризик од злоупотреба на овие системи (ова е подолга тема, тука се добро сумирани во еден дел од текстот).

Но потоа Судот го анализира формално и практично системот за следење на Британија и заклучува дека „не постои доволно силен надзор преку UK’s Investigatory Powers Tribunal [кај нас, еквивалент би било Собраниското тело за контрола над ДБК] над сеопфатното пресретнување, филтрирање и пребарување низ комуникациите од GCHQ [еквивалент кај нас, Шестата управа].“ Едноставно, народните избраници немаат контрола врз тоа што се „шпиунираат“ безбедносните служби и како се однесуваат со личните податоци.

((продолжува))

Претходна статијаПознатиот Winamp се враќа со нова и редизајнирана верзија идната година
Следна статијаСослушувањето на Кавана: Пример за confirmation bias
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.