Најдолгото време што сум го поминал без спиење е околу 26-28 часа. Иако имав 20-21 година, се чувствував ужасно и преморено (duh). Ефектот кој неспиењето го имаше врз мојот мозок е слично на она чувство што го имаш кога си испил две-три пива. Периодов, ако сум спиен помалку од пет часа, се чувствувам како да мојот организам полека да влегува во фаза на shutdown. Пулсот се забрзува, концентрацијата е сведена на минимум.

Но, нема проблем, ќе надоместиш со епско спиење следната вечер, така? Епа, не е баш така. Општиот впечаток за начинот на кој спиеме е прилично симплифициран (не спиеш неколку дена, па надоместуваш со преспивање преку викенд). Проблемот е што не постои нешто што се нарекува „sleep debt“. Дологорочно, ваквиот начин на живот може да направи премногу фрки за твоето тело.

Светот се движи кон несоница

Факт е дека повеќето од нас не спијат доволно. Според Светската здравствена организација, две третини од полнолетните луѓе во развиените земји не спијат осум часови секоја ноќ (препорачаниот оптимален број на часови).

Спиењето се третира како нешто споредно. Седиме доцна навечер зјапајќи во екраните на нашите смартфони и компјутери, наместо да си легнеме во пристојно време.

Таа светлина што зрачи од екраните е траорна за квалитетот на нашето спиење. Само еден час гледање во нашиот смартфон пред спиење го одложува лачењето на мелатонин (главниот хормон за регулирање на сонот) за неколку часови.

Значи, не спиеме само помалку, туку и полошо. Не влегуваме во длабок сон и не поминуваме низ Non-RЕМ и REM (rapid eye movement) фазите на спиење (повеќе за нив ОВДЕ). Лошото спиење влијае врз концентрацијата, меморијата, дури и долгорочно предизвикува заболување од срцеви болести.

Enter Matthew Walker

Љубопитноста за сите последици кои ги трпи мозокот кога го лишуваме од спиење ми се појави кога го ислушав интервјуто на Џо Роган со експертот за спиење (да, постои таква титула), Метју Вокер.

Во нивниот разговор, Вокер наведува повеќе mind-blowing информации кои ќе го променат начинот на кој гледате на вашиот кревет. Еве неколку од нив:

  • Нивото на тестостерон кај мажите кои спијат само 5-6 часа секоја ноќ е слично на нивото кое го имаат мажи 6-10 години постари од нив.
  • Само луѓето свесно се лишуваат од спиење без некоја посебна придобивка. Како споредба, лавовите и тигрите редовно спијат по 13-14 часови на ден.
  • Луѓето кои спијат 5-6 часови дневно просечно јадат 200-300 калории повеќе во текот на денот. Со текот на времето, тие калории значително придонесуваат кон зголемување на килограмите.
  • Ако ве оперира хирург кој спиел само 6 часа во текот на претходниот ден, шансите за грешка во текот на операцијата се зголемуваат за 170%.
  • Ако возиме автомобил кога сме спиени само 4-5 часа, шансите за да предизвикаме сообраќајна несреќа се зголемуваат за четири пати.
  • Постои мал процент од светската популација (<1%) што поседуваат гени кои им дозволуваат да „тераат“ со 5 часови спиење дневно.
  • Ако спиеме по 6 часови (или помалку) дневно, нашето тело далеку побргу се преморува (за околу 30% побргу од оние што спијат повеќе).
    • Се зголемуваат и шансите за повреда. Спортистите што спијат 5-6 часа дневно имаат 60% поголеми шанси за повреда од оние што спијат 8-9 часови на ден.

Човекот има напишано и книга, за оние што сакаат подлабоко да навлезат во науката зад она што тој го проповеда.

Во следниот текст ќе дознаеме тактики за полесно заспивање со цел наредниот ден да не изгледаме како сушество од The Walking Dead.

Оставете коментар