Shutterstock.com

BBC објави документарец за „крипто-кралицата“, Ружа Игнатова, основачот на OneCoin. Жената успешно продаде идеја за алтернативна „крипто-валута“ (наводниците се со причина!) која ја нарекуваше „убиец на Биткоин“. Паметно.

Секоја добра измама се врзува како конкуренција на легитимен проект. И прикажување на основачите дека имаат легимитет – ова одлично го направи Ружа Игнатова која својата споредна маргинална улога во светот на возрасните (некое истражување за Мекензи, некое гостувања во Економист, и сл.) ја прикажа како да е дел од експертските Западни елити.

Како што објаснуваат колегите од IT.mk, братот на Ружа веќе призна дека OneCoin е измама и се изјасни како виновен по неколку обвиненија, помеѓу кои се и перење на пари и измама. Од Ружа нема ни глас ни трага. Со 500 милиони во џеб – пари на граѓани „инвеститори“ од Кина, Германија, Велика Британија, САД, Балкан, секаде – исчезна од планетата. Најверојатно е во Русија, или на некој даночен рај со нов идентитет – ама којзнае.

Секако, како што се сомневав уште во 2016 кога ме замоли другарче да разгледам за што станува збор, OneCoin беше класична понзи шема, multi-level marketing без никаков блокчеин. Пазете, кога една девојка ги притиснала за блокчеинот, и одговориле дека блокчеинот им бил SQL сервер со датабаза – нешто како ексел фајлче на компјутерот на Ружа. Страшно.

Само кога го пишав мојот став, бев малку повоздржан бидејќи бастардосите се закануваа со тужби на секој што ќе пишува против нив. Сепак, мојот скромен заклучок беше:

Invest your money in renovation — or in holiday on Jamaica. Invest in yourself — or in some once in a lifetime experience. But stay away from OneCoin.

Интересно прашање е каде лежи одговорноста освен во основачите на OneCoin – за нив нема сомнеж. Секој кој малку ќе прочачкаше ќе увидеше дека нешто смрди. Но има луѓе кои не се разбираат од технологија, финансии и сл.. Ако свесно ги лажеле, одговорноста лежи и во оние кои ја продаваа оваа измама.

OneCoin нема да биде последна измама (има разлика помеѓу измама која сигурно ќе пропадне и ќе ти ги украде парите vs ризична инвестиција која не се знае дали ќе успее или не). Затоа и сега сите внимаваат на „црвените знаменца“. Но што правиме со сите што изгореа?!

Претходна статијаBoeing одлучи да го стопира производството на 737 MAX
Следна статијаDeepfake Detection Challenge е обид на големите ИТ компании да развијат начин за откривање на лажните видеа
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.