Пред извесно време Бојчо објави рецензија на новата серија на Amazon, The Boys и ја оцени со 9/10. Ги гледав првите две епизоди од серијата и навистина истата е супер-забавна. Станува збор за еден вид на оригинална критика на корпоратизмот преку стандардната сторија за супер-хероите и/vs. „обичните“ секојдневни херои.
Овој текст не е втора рецензија на серијата, туку чист коментар на идејата за суперхерои. Како што и впрочем пишуваше и Лоис Лејн: „зошто на светот му е потребен Супермен?“. Или Гилгамеш, Одисеј и ред други херои со надчовечки способности, вообичаени за секоја генерација од почетокот на човекот.
Секако, ова прашање е дискутирано илјадници пати досега и секој си има свој одговор (вообичаено позитивен) – суперхероите се одлични рол-модели (скоро секој е одличен „граѓанин“), супер-хероите даваат надеж за борбата на доброто против злото, потребата да не се потклекне на корупција како битна херојска карактеристика, потребата да се биде тимски играч (нешто што особено се форсира во последно време), итн. И се е ова точно. Суперхероите се супер!
Сепак, лично мислам дека овие позитивни приказни го гледаат во суперхероите она што нивните автори сакаат суперхероите да го проектираат – нивниот бренд. Но, зошто имаме потреба од суперхерои е подлабоко прашање.
Моето скромно мислење? Појавата на суперхероите во културата – од книгите и приказните, па се до стриповите и филмовите – е всушност директна последица од нашата потреба некој друг да ни ги реши сите проблеми и да ни обезбеди максимално безбеден (risk-free) свет. Едноставно, да го префрлиме најголемиот товар на секој од нас – (голем дел од) одговорноста за сопствениот живот. A на кому би му ја довериле оваа задача – обезбедување безбедност – ако не на совршениот суперхерој?!
Но во реалноста животот ретко нуди вакви лесни решенија. Се што вреди бара пот, жртва, ризик – одговорност. Ништо не паѓа од небо. Но да го оставиме ова на страна – има и уште еден catch-22. Ако имаш луѓе (или што и да се) со супермоќи кој ќе не заштити од нив?! Што кога Супермен ќе биде злобно дете, како што е премисата на Breitburn (и многу други приказни)?
We are fucked. Како што и дознале многу граѓани кои предале целосна контрола и одговорност за нивните животи на моќни ентитети (тоталитарни држави).
Секако, не ми е поентата да ги хејтам суперхероите. Само малку поинаква перспектива.