Фото од mohamed Hassan од Pixabay

Со усвојувањето на новата Регулатива за заштита на лични податоци (т.н. GDPR) од страна на ЕУ се насочи вниманието на сите кон оваа тема. Главните промени се објаснети на сајтот на ЕУ наменет за запознавање на јавноста за GDPR.

GDPR ги обврзува сите земји членки, но и оние земји кои се кандидати за да станат дел од Европската унија, како Македонија.

Во оваа насока, пред извесно време ни стигна Решение од страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци со кое се уважува нашето Барање за заштита на личните податоци. За што станува збор поточно?

Пред да го објасниме Решението и овој микро чекор кон поголема заштита на личните податоци, важно е секој граѓанин да има basic познавање од темата (макар и интиутивно). Свесноста е првиот чекор за реална заштита на нашите лични податоци.

Имено, кога купувате стан во градба од Агенцијата за недвижности ви издаваат Лист за предбележување на градба со кој се евидентира идна сопственост. Она што е проблем и што ни забоде очи е тоа што на Листот не се наоѓа само вашиот стан и име, туку Агенцијата ви дава копија од целиот Лист на зградата со сите купени станови и личните податоци на купувачите, вклучително и нивните матични броеви. Листот се дава на СЕКОЈ купувач и со тоа секој од станарите има увид во личните податоци на комшиите. Ова очигледно е непотребно изложување на вашите лични податоци на луѓе кои немаат право да имаат увид во истите.

Дирекцијата за заштита на личните податоци излегла на терен, ја потврди ситуацијата и ја задолжи Агенцијата за недвижности да го корегира Листот за предбележување. Поточно, „е должна да води сметка матичниот број на граѓанинот да не биде непотребно видлив…“.

За крај, да сумираме неколку пораки од случајот:

  • Во денешно време, потребно е секој граѓанин да има основно познавање од темата заштита на личните податоци и приватноста. На сајтот на Дирекцијата има доволно воведен материјал,
  • Свесноста за важноста на темата од страна на сите граѓани и ентитети е клучна за прогрес во ова поле,
  • Секој граѓанин има право да поднесе поплака и Барање за заштита на личните податоци до Дирекцијата за заштита на личните податоци која е генерално ревносна и професионална институција, и
  • Клучно е дека вашите лични податоци треба да ги знае/да има увид само оној кој мора, а во согласност со важечките закони. Никој друг!
Претходна статијаWindows 10 дојде до бројка од 800 милиони активни корисници
Следна статија„Добрата страна“ на технологијата – да се потсетиме на неа и предностите кои ги донесе во секојдневното живеење
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.