Онлајн учењето е најновиот тренд кој во секој од нас го буди нашиот внатрешен geek, но за жал повеќето веб-страници кои нудат квалитетна содржина не се бесплатни, некои бараат регистрација или донации или претплата. Во овој текст споделуваме неколку корисни линкови кои нудат одлични ресурси, а се бесплатни:
1. Sci-Hub

Првата пиратска веб-страница во светот која обезбедува јавен пристап до десетици милиони истражувачки трудови. Идеологијата на Sci-hub e: „Основната цел на истражувачките трудови е да бидат читани и анализирани од други истражувачи. Ограничувањата на достапноста на трудовите го забавуваат развојот на науката и човештвото. Sci-hub го предизвикува ова статус-кво.“
Во базата на овој сајт можете да најдете повеќе од 78.636.579 „отклучени“ трудови од различни научни области.
2. B-OK

Што и да ве интересира во поглед на книги и написи во списанија со „пејвол“ можете да го најдете на овој вебсајт. Искрено, не ми се верува дека уште постои. Нема што нема да најдете овде. Книгите може да ги симнете во неколку формати (Киндл, Епуб, Пдф). За хардкор читателите оваа страница е life-saver.
3. Canva

Ако ви е потребен дизајн на вашата следна презентација, сакате да направите роденденска честитка, да дизајнирате постер, покана, а да не платите дизајнер – Canva е вашиот нов омилен сајт.
Canva е поедноставена алатка за графички дизајн, основана во 2012 година. Таа користи формат за drag-and-drop на елементите на дизајнот со што го прави процесот на дизајнирање едноставен и достапен за секој кој има компјутер и малку чувство за естетика.
Периодот пред новогодишните празници се одлична можност да го тестирате и да им дадете нов живот на вашите потписи на професионалниот мејл и автоматски пораки дека сте на зимување, покани за новогодишни забави, честитки за колегите, па дури и на вашите агенди, презентации итн. Ако ништо друго, супер е и за да се пробате во дизајн.
Има опција и за премиум платена верзија, со која имате пристап до илјадници темплејти и други корисни опции.