Коуен е професор по економија на Џорџ Мејсон универзитетот. Има подкаст (Разговори со Тајлер), а пишува и на својот прилично популарен блог, Маргинална Револуција. Тој е исто така и автор, но она по што мислам дека е најпознат е тоа што е многу концизен мислител кој има трезвени коментари за напредокот на човештвото. Секогаш има оригинален осврт кон светските случувања.

Скоро беше гостин на подкастот Venture Stories, каде што зборуваше за различни работи, па во продолжение може да прочитате дел од неговите мудрости.

Што мисли за талентот

  • Тој смета дека IQ е преценет, особено од страна на интелигентни луѓе. Издржливоста (stamina) е многу повредна особина.
  • „Генерално, ги преценуваме луѓето што се слични на нас“. Ова оди во линија и со добро познати феномени, како на пример тоа што луѓето полесно се врзуваат со луѓе што имаат слични интереси и личности. Ако они се вредни, мора да сме и ние.

А што мисли за образованието

  • Смета дека има огромни вложувања во високо образование, ама нема многу истражувања за тоа како можат да се подобрат перформансите на професорите.
  • Коуен смета дека професорите треба да се платени како во бизнис секторот. Односно, оние што имаат најдобри резултати, да бидат тие што се најплатени.
  • „Треба да има добри онлајн предавања за која било тема и за кој било да може да ги слуша овие предавања. Во моментов, тоа го нема, и мислам дека тоа е криминал.“
    • Сепак, има прилично солиден број на онлајн платформи за образование. Удеми, Курсера се само дел од нив. Но, факултетите заостануваат зад овој тренд.

Дополнителни белешки

Тајлер не се сложува со повеќето од филозофиите на Ајн Ренд (Ayn Rand), познатата авторка и либертаријанец.

  • „Сепак мислам дека е во право за капитализмот“.
  • „Секоја генерација се чини дека станува попаметна“.
  • Тој вели дека голем број од јавните интелектуалци се nerds, но дека изгубиле осет за класичните хуманистички полиња. Ништо ново. Ова важи како вистина уште од првата употреба на зборот nerd.
  • Интересни се неговите мисли за феминизирањето на општеството:
    • Од една страна, смета дека тоа го намалува ризикот за војна.
    • Од друга страна, ги прави луѓето поотпорни на ризик, а тоа го намалува потенцијалот за иновации.

Претходна статијаGalaxy S20 телефоните од Samsung се првите кои се сертифицирани за технологијата за брзо полнење преку USB
Следна статијаNetflix ќе почне да прикажува што е популарно на сервисот преку Топ 10 листа на филмови и серии