Shutterstock.com

Вирусот го смени начинот на кој кинезите го тераат нивниот нормален живот. Авионските летови се преполовени (ефектот на авиокомпаниите е сличен како оној по 9/11). Собирањата во јавност се сведени на нула, па сега повеќе се префрлуваат на живот онлајн. Што значи ова за еден типичен човек што живее во Кина?

Испорака на храна

Луѓето се заробени во своите домови, и избегнуваат човечки контакт. Но, треба и да јадат нешто, ама без да дојдат во допир со доставувачот. Better safe than sorry. Повеќе компании веќе применуваат „безконтактна“ испорака. Доставувачите ја оставаат испораката на храна на место договорено со оној што нарачал. Претпоставувам дека се зголемил и бројот на испораки со дронови.

Виртуелно вежбање?

Веќе подолго време на запад постои тренд на „виртуелно вежбање“. Прескапи статични велосипеди како Пелотон се продаваат во огромни примероци. Тие се толку скапи затоа што додека го возиш велосипедот, можеш да одбереш да бидеш дел од група со која можеш заедно да вежбаш, а го следиш инструкторот на екран. Во Кина тој тренд дојде под присилба, а повеќе теретани таму веќе нудат онлајн часови по вежбање. Постојат повеќе фитнес предизвици што можеш да ги правиш од дома, како „100 склекови дневно“ и сл. така да не е тешко да најдеш замена за теретана.

Нема одење во кино

Кино салите се празни, а филмските премиери се одложуваат или откажуваат, сепак кино салите се како базен полн со бактерии. Освен тоа што во Нетфликс тријат раце, многу други видео платформи за гледање на филмови и серии имаат пораст во број на корисници.

Виртуелни недвижнини

Компании за недвижности почнуваат да нудат VR разгледување на станови и куќи. Или пак нудат стриминг во живо за потенцијалните купувачи. Ова е интересна иновација што веројатно ќе се развива и по завршување на последиците од вирусот.

Можеш да провериш и дали си заразен

Социјалната платформа WeChat веќе нуди можност да провериш дали си заразен со онлајн докторски преглед преку нивниот вебсајт.

Гејминг индустријата се полни со пари

Сосема очекувано, со оглед на тоа што азискиот гејминг пазар вреди милијарди. Деновиве, гејмерите вршат опсада на серверите на најпознатите мрежни игри како PubG и Фортнајт. Одморот во Кина на многу места е продолжен за три недели поради вирусот, а и така ова е период кога тамошните граѓани имаат повеќе слободно време.

Претходна статијаПрепорака на филм: Светилник
Следна статијаЕУ ја објави Стратегијата за податоци: Кус преглед