Секој од нас посакува да биде подобар – без разлика дали се работи за вежбање, нашата работа, или некоја друга активност.

Но, кога правиме нешто подолго време со иста доза напор, тешко е да останеме мотивирани и истрајни. Сепак, успехот во кое било поле не доаѓа преку ноќ, туку е резултат на негување на одредени навики со години. Постојано подобрување, колку и да изгледа мало и безначајно во моментот, со текот на времето носи големи резултати.

Но, како да останеш мотивиран и да ја победиш монотонијата во правење на исти работи? Се што треба да правиш е да следиш едно правило.

Goldilocks правило

Според Goldilocks правилото, најдобриот начин да останеме мотивирани е да си задаваме задачи кои што се на малку повисоко ниво од она на кое се наоѓаме во моментот.

Најпрост пример е со вежбањето. Секој пат кога одиме во теретана или трчаме на кеј, треба да се обидеме да зголемиме тежина или да истрчаме некој километар плус. Поентата е тоа што го правиме да не биде прелесно, ниту претешко.

Ако играме кошарка против пет годишник, натпреварот ќе биде прелесен. Ако играме против НБА играч, ќе бидеме уништени и обесхрабрени од понатамошно наптреварување. Но, ако играме против некој што е малку подобар од нас, ќе се чувствуваме мотивирани и способни да постигнеме повисоко ниво. Преку читање на детска литература нема да бидеме поначитани или поартикулирани. Но, ако читаме литература која ќе ни го предизвика умот, нашиот мозок ќе биде стимулиран да размислува поинаку после подолго време на впивање на нови факти и интересни и поинакви гледишта.

Себе-предизвикување е само дел од равенката

Покрај тоа што ќе се предизвикуваш во различни области, важно е да го мериш својот напредок. Кога вежбаш во теретана, забележувај ги тежините и следниот пат потсети се колку килограми си успеал да кренеш минатата сеанса. Овој инстантен фидбек ќе те мотивира да одиш чекор подалеку и секој пат да напредуваш по малку.

Два чекори до вечна мотивација

  1. Работи на проекти или задачи што се на малку повисоко ниво од твоите сегашни способности.
  2. Следи го својот напредок (преку запишување во тетратка или во некоја апликација).
Претходна статијаGoogle претстави две нови апликации за луѓето со петешкотии со слухот
Следна статијаРусија ќе се исклучи од светскиот интернет како дел од тест за нов закон