Веќе e неспорно – стриповите доживуваат ренесанса во последните 10тина години (глобално; во САД се секогаш во мода). Голем дел од веќе познати must-watch серии за СФ/фантазија/хорор гикови како Preacher, The Boys, Legion, Hellboy и уште еден куп за покласични херои се базирани на стрипови. Да не зборуваме вооошто за Бетмен, Џокер и целиот Марвел универзум (со кој искрено и малку отекоа).
Во овие 3-4 години откако активно читам стрипови, еве една куса листа на не-толку-познати дела (кај нас барем) кои би биле голем хит. Секако, под претпоставка дека барем солидно ќе биде пресликан стрипот во филм.
1 – Wytches

Хорор стрип на Скот Снајдер и Марк Џок Симпсон. Првиот број е издаден во 2014. Језива приказна која навлага под кожа. Има нешто језиво и фасцинантно во вештерките кои лазат по најдлабоките стравови на оние кои ќе налетаат на нив.
2 – Space Riders

Ако Квентин Тарантино би пишувал СФ стрипови под дејство на ЛСД, би изгледало нешто како Space Riders на Фабијан Ренџл и Алексис Зирит. Илустрациите се одлични и ти создаваат хипи 70-ти атмосфера додека нурнуваш низ СФ приказна, што е бајаги чудно и ново искуство. Прв број објавен на 01 април 2015. Нешто позабавно и истрипано до даска. Всушност би ги следеле лудите авантури на Капетанот Пелигро и неговиот вселенски брод Skullship Santa Muerte. Може да биде лудило серија на Нетфликс. За во вторник, после работа 2 епизоди и у кревет.
3 – Descender

Descender е СФ приказна на еден од најактивните автори на стрипови во последните неколку години, Џеф Лемир (заедно со Дастин Нигујен). Првиот број е објавен на 04-ти март 2015. Дете-робот со вештачка интелегенција и емпатија кон човечкиот род, анти-роботизам низ галаксијата и роботи на кои ќе им пукне филмот. Се во едно. Би било епски да видиме limited високо-квалитетна серија на HBO од оваа СФ сага.
4 – Black Hammer

Уште еден стрип на Џеф Лемир кој ги собра сите можни награди. Прв број објавен на 01 јули 2016. За малку невообичаени а сепак многу човечни суперхерои. Лемир се покажува како мајстор на жанрот и веќе овој серијал е во полн ек да прерасне во серија. Договорот е склучен со Legendary Entertainment кој ги откупиле правата не само на Black Hammer туку и на сите спинофи и сајтприказни што потекнуваат од овој универзум.
5 – American Vampire

Најверојатно еден од најдобрите стрипови и приказни за вампири. Главен автор е одличниот Скот Снајдер. Првиот број е објавен 17-ти март 2010. Со оглед на тоа дека самиот стрип содржи голем број броеви и ја шета приказната низ векови, е одличен материјал за серија од 4-5 сезони најмалку.
(продолжува со следни 5 предлози)