Mozilla Firefox е драстично подобрен на десктоп, од пуштањето на Quantum верзиите, а посебно и по последната 67-ма верзија. Сепак, ова подобрување не може баш да се каже дека го следи и Android верзијата од Firefox која останува видно побавна од Google Chrome и на Chromium направените конкуренти.

Причината за „запоставувањето“ на оваа верзија од Firefox е развојот на целосно нова, а моментално кодното име која го носи оваа верзија е Firefox Fenix. Оваа верзија треба да работи многу побрзо за разлика од моменталната, но исто така добива и целосно нов изглед и начин на функционирање.

Добро е што остануваат познатите и за Firefox карактеристични алатки за приватност, па корисниците на кои тоа им е важно, ќе можат да продолжат да изберат блокирање на „тракерите“.

Firefox Preview е името на апликацијата под кое е ставен новиот Firefox во Play Store. Ова може да се каже дека е еден вид на бета верзија, па соодветно може да се очекуваат одредени багови, но исто така не се уште достапни и сите функции кои се планирани за финалната верзија.

Апликацијата сепак не може да се симне веднаш од Play Store, односно за истото да може да се направи потребно е кратко регистрирање како бета тестер, процедура која можете да ја започнете преку оваа страна > https://events.mozilla.org/becomeabetatestingbughunter.

Не е важно што од текстот се гледа дека оваа фаза е наменета за програмерите, притиснете на RSVP и продолжете го процесот. По успешното завршување на неколкуте чекори, ќе можете да ја симнете апликацијата од Play Store.

Една работа која мене лично ми е чудна и се надевам дека ќе биде променета до финалната верзија е тргањето на кратенките од најчесто отвораните веб страни, со можност за бидат „закачени“ на главниот екран. Сега, со секое отворање на Firefox, потребно е да се почне со внесување на адресата на веб страната, нешто што го прави прелистувачот понекорисен.

Одд друга страна одлична новина, Firefox за Android конечно добива темна тема која може да се вклучи посебно или да се вклучува автоматски кога ќе ја вклучите темната тема на оперативниот систем.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.