Cloudflare минатата година го претстави алтернативниот DNS сервис, 1.1.1.1, кој на корисниците треба да им овозможи поголема приватност, како и брзина на почеток на отворање на страните. Ова се должи на искуството кое го има компанијата и мрежата од сервери во светот, како и во тврдењето дека тие чуваат минимален број на информации за корисниците, само тоа што мора, а и се бришат во рок од неколку денови.

За овој сервис тие претставија и мобилни апликации за Android и iOS, со што на корисниците им се овозможи да ги користат DNS серверите без потреба од рачно прилагодување. Оваа година тие најавија дека работат на пуштање на VPN сервис којшто ќе биде дел од оваа апликација, а дури пуштија и листа на чекање за тие што сакаат да го пробаат.

Со делумно задоцнување, VPN сервисот е конечно достапен за сите, а неговото име е WARP. Корисниците можат да го вклучат преку 1.1.1.1 апликацијата, а од Cloudflare истакнуваат дека е бесплатен и корисниците немаат никакви ограничувања. Можноста за плаќање на WARP+ е за добивање на приоритет и користење на понапредна мрежа со што би се добила подобра брзина во одредени ситуации.

Користењето на VPN овозможува шифрирање на комуникацијата која се одвива со сите страни и сервиси кои корисникот ги отвара, а од Cloudflare повторно истакнуваат дека тие даваат посебно значење на приватноста и дека нема да чуваат непотребни информации.

За разлика од другите VPN сервиси, WARP е замислен само за овозможување на подобра приватност од можноста за следење на комуникацијата, но корисникот си ја задржува својата IP адреса. Тоа значи дека овој сервис не е замислен за на пример, гледање на содржина која не е достапна во нашата земја.

Апликациите се достапни во соодветните продавници, а можете да ги симнете на следните линкови.

1.1.1.1 за Android

1.1.1.1 за iOS

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.