CloudFlare го претстави својот DNS сервер на 1ви април оваа година. Без разлика на датата, не се работеше за шега, па корисниците добија можност да користат DNS сервер за кого се тврди дека главниот акцент му е на приватноста на корисниците, а исто така овозможува и поголема брзина, нешто што со тек на време не е побиено со тестовите.

1.1.1.1 е адресата на DNS серверот и брзо стана еден од најпознатите сервери, дури и во споредба со тој на Google. Корисниците се што треба е да на својата конекција на компјутерот ги променат DNS вредностите од автоматски на 1.1.1.1 и 1.0.0.1, по што ќе почнат да ги користат тие, наместо на нивниот интернет оператор.

Со ова корисниците добиваат поголема приватност, операторот не може да чува историја на посетени веб страни, како и поголема безбедност од пресретнување на комуникацијата со DNS серверите и пренасочување на сообраќајот.

Иако корисниците кои знаат како, можеа и досега да ги променат DNS серверите на својот мобилен телефон, сега од CloudFlare тоа го направија едноставно и се што е потребно е кликнување на едно копче во новата апликација.

Апликацијата е наречена 1.1.1.1: Faster & Safer Internet и е достапна за симнување на двете најголеми платформи, односно можете да ја симнете на Android тука, како и на iOS тука.

По инсталирање апликацијата ќе побара дозвола да креира VPN конекција по што телефонот ќе почне да ги користи DNS серверите од CloudFlare. Ова значи дека доколку веќе користите друг VPN, не може да ги користите во исто време, меѓутоа можете рачно да ги наместите 1.1.1.1 DNS серверите.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.