Доколку имате слушнато и ги имате користено DNS серверите на Google преку 8.8.8.8 адресата, можеби ќе сакате да ги пробате новите 1.1.1.1 сервери од познатиот CloudFlare.

Главната причина за тоа е брзината на работа на овие сервери, како и подобрата приватноста која ја истакнуваат од компанијата.

На кратко, да објасниме што е DNS сервер, за читателите кои сепак не се запознаени. Во основа секоја веб страна која ја отвораме, има IP адреса. За полесно памтење на страните, наместо IP адресата, ние го памтиме името на таа страна, односно нејзиниот домејн. DNS серверите се тие кои служат како еден вид на „именик“ за овие веб страни, како еден вид на посредник којшто ја поврзува адресата на страната со IP адресата на серверот каде е поставена таа страна, односно од каде што се отвара.

Покрај 10тина други фактори при отворањето на една страна, DNS серверите се еден од нив кои влијаат на брзината на отворање на веб страната. Од CloudFlare тврдат дека го имаат моментално најбрзиот DNS сервер кој одговара за само 14 милисекунди, наспроти 34.7 на Google, односно 20.6 на OpenDNS.

Сепак, повеќето корисници автоматски ги користат DNS серверите од нивниот интернет оператор, а за истото не е потребно никакво дополнително прилагодување на мрежата.

Од CloudFlare истакнуваат дека овие DNS сервери се најбавни, меѓутоа имаат уште еден проблем.

Дури и да не се гледа содржината, односно доколку се отвора енкриптирана (HTTPS) веб страна, на DNS серверите сепак останува адресата која корисникот ја отвора, што на операторите им остава цела листа со отворени страни од нивните корисници. Тие оваа листа може да ја продадат на компании кои продаваат реклами, како и за други потреби.

Од CloudFlare истакнуваат дека тие нема да ги чуваат листите со отворени страни преку нивните DNS сервери повеќе од 24 часа, а за тоа ќе гарантираат со редовна ревизија на нивната работа.

Како и да е, за тие кои веќе користите алтернативни DNS сервери од тие на интернет операторот, еве уште едни кои може да ги пробате, па да си одлучите кои да ги користите.

Вредностите кои треба да ги внесете за користење на новите DNS сервери од CloudFlare се 1.1.1.1 како Primary DNS и 1.0.0.1 како Secondary DNS.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2CloudFlare
Претходна статијаАвицена Женска трка: Нов уличен спектакл во спортскиот календар
Следна статијаXmarks престанува со работа од 1-ви мај
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.