Shutterstock.com

Додека се чека на емпириски резултати од лековите кои имаат ефект врз лечењето на COVID-19, како и вакцина која најрано ќе биде дури идната година, мерките на претпазливост се главната работа која може да има ефект на намалување на проблемите.

Главните мерки кои се препорачуваат на целото население е редовно миење на рацете, како и држење на таканаречена друштвена дистанца. Тоа значи дека покрај тоа што треба да се внимава кога се излегува кога се мора, да се престане со друштвените собирања и едноставно да се седи што повеќе дома.

Зошто толку се дава значење на седењето дома и кои се ефектите од оваа мерка?

Две големи грешки најчесто прават луѓето во проценката дали е потребна ваква мерка и какви се нејзините резултати.

Првата е дека ваква мерка воопшто не ни е потребна, па и така немаме голема бројка на заболени. Втората е дека, па еве бројката сега се зголемува, значи мерката нема резултати, односно не прави разлика.

Одговорот на двете погрешни гледања на работата е следниот. Мерките се преземаат со цел да не дојде до огромен број на заболени луѓе и истите даваат резултат. Тоа не значи дека ќе нема воопшто заболени, едноставно значи дека нема да дојде до масовно заболување во исто време.

Најдобар и едноставен начин да се објасни ова е познатата крива која сигурно ја имате забележано периодов по интернет, наречена „Да ја спласнеме кривата“, односно „Flatten the Curve“.

Shutterstock.com

Истата ни кажува дека бројот на заболени ќе продолжи да го има, но таа бројка ќе биде многу помала во споредба да не се преземат мерките. Помалата бројка ќе значи и имање доволно место во болниците и сите други импровизирани места, со што ќе се подобри и шансата на луѓето да добијат навремена и добра грижа.

Во спротивно, бројката на заболени може да биде многу поголема и да ја премине линијата која може да ја поднесе здравствениот систем.

Затоа, мислењето дека фактот што има бројка на заболени и истата се зголемува, значи дека мерките немаат ефект, не е воопшто точно. Мерките мора да се почитуваат додека да помине пикот на заболени луѓе, по што постепено ќе почне да се нормализира животот.

Сликата во продолжение исто така покажува колкави се шансите да на местото каде што одите има заболен со COVID-19, а тие се зголемуваат со бројката на луѓе која ја има каде што одите, заедно со бројката на заболени во земјата.

Претходна статијаФИТР: За само 72 часа доставени над 500 предлог-решенија за полесно справување со кризата од КОВИД-19
Следна статијаНајбезбедно е да останете дома, но ако мора да патувате следете ги препораките
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.