Како што на сите ни е веќе добро познато, изминатите година дена донесоа промена во начинот на работа кај голем дел од бизнисите. Работата, а посебно кај тие вработени каде лесно дозволува, е префрлена од дома, наместо одење во канцеларија. Тука секако треба да се додадат се поголемиот број на луѓе кои сами работат, па тоа е најлогично да се прави од дома.

Главната алатка при работењето во денешно време секако е компјутерот. За многу бизниси тоа може да биде било каков компјутер, доволно добар да вклучи интернет прелистувач и некоја апликација за пишување на текст, Microsoft Word на пример и слично.

Во овој текст акцентот го ставаме на тие кои работат таква работа да компјутерот којшто го користат е од клучна важност и тој во никој случај не може да биде било каков, туку треба да ги има едни од најдобрите и најсилните на пазарот компоненти.

Кога зборуваме за најдоброто за работа мислиме на категоријата на компјутери наречена Workstation. Овие компјутери се наменети за корисниците кои работат со апликации кои бараат многу ресурси, како на пример 3Д моделирање, Autocad и слични, видео едитирање, работа со големи дата бази и друго. Ова се компјутери кои не ретко можат да ги „засрамат“ дури и гејминг компјутерите, а тука настанува често и голема забуна при одлуката каков компјутер да се купи.

Разлика помеѓу Workstation и гејминг компјутер

Иако можеби за многу ова е јасно и не постои можност за некаква забуна, сепак кога се гледаат најдобрите понуди на пазарот, а посебно кај нас, не ретко се нудат и прават споредби со гејминг компјутерите. Овие компјутери доаѓаат со посилни графички картички, а секако тука е и изборот на корисникот од достапните процесори, RAM, простор за податоци и слично.

Сепак, кога потребата на корисникот е сериозна работа, гејминг компјутерот не е правецот во којшто треба да се размислува. Дури купувањето на гејминг компјутер, мислејќи дека е со силни карактеристики, повторно може да направи ситуација одредени апликации да не функционираат или од нив да не може да биде изваден саканиот максимум. Во теков случај се доаѓа до ситуација каде е дадена голема сума на пари, а сепак извршувањето на работата не е можно или барем не е целосно можно.

Кога корисникот работи со апликации како на пример тие за 3Д моделирање и слични, процесорот и графичката картичка од гејминг компјутерите, може да не се подржани и поради тоа апликациите да не функционираат. Причината поради која не се поддржани е недоволната моќ, кратко кажано, иако тоа може да звучи како невозможно.

Workstation компјутерите обично функционираат на процесори како што е Xeon серијата од Intel, а една од главните карактеристики на овие процесори е ECC меморијата, односно Error Correction Code меморија. Оваа карактеристика не е дел од процесорите наменети за „обичните“ корисници, без разлика колку моќен и скап е процесорот.

Исто така, Workstation компјутерите обично доаѓаат со графички картички од Quadro серијата од Nvidia, па иако има корисници кои оваа графичка ја ставаат во гејминг конфигурација, тоа ретко е случајот.

Овие графички картички повеќекратно ги надминуваат и најдобрите картички кои се користат за гејминг. Причината за тоа е што 3Д моделирањето, на пример, бара многу повеќе ресурси во споредба и со најдобрите игри, иако повеќето сметаат дека нема ништо посилно од играње на најнова игра на максимум прилагодувања.

Видови и избор на Workstation машини на нашиот пазар

Workstation изборот се состои во три категории. Mobile Workstation, Tower и Rack. Ова е очекувано со оглед на намената на овие компјутери, а новината може да се каже изминатата деценија се мобилните, односно лаптоп Workstation машините. Доволно голема моќ порано не можеше да се смести во лаптоп.

Кога се пишува за избор на Workstation машини, сигурно е очекувано дека препораката ќе оди кон познатиот производител Dell. Dell ги има едни од најдобрите машини на пазарот со огромна доверба од страна на корисниците за издржливоста и квалитетот на тоа што се купува со овој бренд.

Dell Precision е името кое ќе ве интересира доколку барате уреди од категоријата Workstation. Dell нуди три вида на Precision машини, како што истакнавме, Mobile и Fixed, односно Tower машини, а тука се и Rack, односно машините наменети за поставување во серверски соби.

Dell Макпетрол како застапник на овој бренд овозможува можност за купување на сите модели, а изборот можете да го погледнете на овој линк.

Претходна статијаДостапни бета верзиите од iOS 15 и iPadOS 15 за сите корисници
Следна статијаМакедонски Телеком цел на кражби и оштетување на опрема
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.