Изминатите месец дена Македонски Телеком се соочува со голем број кражби на кабли и подземна инфраструктура, со што се случуваат и прекини во сервисите кои компанијата ги обезбедува до своите корисници.

Изминатиот период, ваквите кражби и оштетувањето на каблите и подземната инфраструктура се случуваат често, со што ова веќе претставува голем проблем и сите случаи се веќе пријавени до надлежните органи.

Последиците од ваквите појави, покрај компанијата ги имаат и корисниците кои остануваат без услуга бидејќи е потребно време за санирање на направената штета и покрај брзата реакција на техничките екипи.

Начинот на којшто се сечат каблите и се оштетува самата подземна мрежа, прави од една страна значителна штета на Македонски Телеком, а од друга страна се зголемува времето потребно за враќање на мрежата во нормална состојба.

Мета на кражбите најчесто се бакарни кабли од подземната мрежа на Македонски Телеком, а при тоа, освен што се сечат кабли, се прави и оштетување на пристапните шахти. Се верува дека кражбите се прават поради продажба на бакарот кој има висока цена на пазарот.

Досега има 10-тина случаи на оштета и кражба со што станува јасно дека се работи за планирана активност која не случајно ги има избрано подземните телекомуникациски мрежи.

Регионите во кои досега се имаат случено кражбите се кај Транспортен Центар во населба Аеродром, културниот центар 25 Мај во Центар, делот зад трговскиот центар Скопјанка во Аеродром, бул. Јане Сандански во Аеродром, а една кражба има и во Битола

Корисниците кои се имаат соочено со прекини на сервисот во овој период и кои траат подолго од вообичаеното време за решавање на пречки, треба да бидат информирани за што се работи и дека овој проблем секако ќе биде решен.

Претходна статијаDell Workstation машина со Intel процесор за работа од дома на вистинските професионалци
Следна статијаНајголемиот гејминг настан за оваа година „MESA Summer Jam“, ќе се одржи овој викенд со физичко присуство
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.