Фото: Microsoft

Не дека и досега не беше ова јасно и очигледно, но еве сега и официјално, Windows 10 22H2 е последната верзија од овој оперативен систем и истиот веќе нема да добива нови функции. Оваа верзија беше пуштена во втората половина од минатата година и ќе остане до крајот на поддршката на оперативниот систем планирана за 14 октомври 2025 година.

Windows 10 22H2 не донесе некои нови функции, па во главно беше помала надградба која исправи неколку грешки и слични додатоци, но ништо посебно. Ова секако е очекувано со оглед на тоа што сите ресурси во Microsoft се насочени кон Windows 11.

До крајот на поддршката, односно до 2025, Windows 10 ќе продолжи да добива безбедносни надградби и исправки на мали грешки, а тоа ќе се случува на месечно ниво како и секогаш.

Корисниците кои не се на најновата верзија од системот, се препорачува да ја инсталираат за да продолжат да добиваат барем безбедносни надградби. Со оглед дека Windows 10 22H2 се инсталира доста брзо поради тоа што се работи за мала надградба, нема причина зошто истата да не биде инсталирана.

Microsoft препорачува корисниците да почнат да се префрлаат на Windows 11, но со поставувањето на минималните барања за овој систем, не за сите тоа е возможно. Доста од корисниците за да се префрлат на Windows 11 мора да купат нов компјутер, нешто што секако е подобро да се почека до после 2025 за корисниците кои немаат потреба од такво нешто.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаХарисон Форд ќе биде „подмладен“ за првите 25 минути од новиот петти дел од Indiana Jones
Следна статија„Макпетрол“ повторно избран за најпосакуван работодавач
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.