Фото: Lucas Film

Петтиот дел од познатиот филм Indiana Jones со Харисон Форд, Indiana Jones and the Dial of Destiny треба да излезе во јуни. Каков ќе биде филмот останува да видиме, но една работа која беше најавена го привлекува вниманието, а тоа е користење на технологијата, како и вештачката интелигенција за „подмладување“ на скоро 80 годишниот актер.

Интервју на режисерот на филмот, Џејмс Манголд, за Total Film, ни открива нешто повеќе за овој процес, а тој истакнува и дека можноста да се направи нешто такво доста го олеснува снимањето.

Причината поради која воопшто е потребно подмладување на Харисон Форд е поради сега веќе најавените први 25 минути од филмот. Во овој дел дејството се случува во 1944 година, поточно осум години по Indiana Jones and the Raiders of the Lost Ark. Остатокот од филмот продолжува со дејство кое се одвива во 1969 година, а приказната се врти околу спречувањето на повторното враќање на нацизмот.

Технологијата која се користи за постигнување на ефектот на помлада верзија од актерот е развиена од страна на Disney и Lucas Film. Истата мора да има пристап до слики и снимки од актерот на возраста која треба да биде постигната, од различни агли и светлина.

Ова е нешто што секако го имааат од Lucas Film, па како што истакнува режисерот Манголд, работата потоа е прилично лесна.

„Имавме стотици часа снимки од него во крупен кадар, во среден, во широк кадар, во секаков вид осветлување, ноќе и дење“, вели Манголд. Напредокот на технологијата дојде и со дополнителни придобивки. „Можев да го снимам Харисон во понеделник како, знаете, 79-годишник кој игра 35-годишник, и можев да гледам дневни снимки до среда со веќе заменета глава“, истакнува Манголд.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаNetflix ја најави шестата сезона од „Black Mirror“ која ќе биде достапна од јуни
Следна статијаWindows 10 веќе нема да добива нови функции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.