article-2649833-1E80802800000578-194_634x424

Компанијата Inmarsat, чија главна дејност е насочена кон сателитските комуникации, неодамна објави дека во блиска иднина ќе овозможи широкопојасен, супер-брз интернет над европскиот воздушен простор, па така луѓето кои патуваат со авиони низ воздушниот простор на Европа, ќе имаат постојан достап до WiFi интернет конекција.

Оваа британска телекомуникациска компанија со седиште во Лондон, која е позната исто така по тоа што во моментот е една од компаниите кои ја предводат потрагата по исчезнатиот авион на Malasia Airlines, Flight MH370, за својот нов проект планира да потроши околу 450 милиони долари. Половина од овие средства ќе бидат потрошени за лансирање на нов сателит наречен Europsat, кој ќе биде клучна алка во спроведувањето на WiFi интернет мрежата. За оваа цел ќе биде вклучена и француско-италијанската компанија Thales Alenia Space, а предвиденото лансирање на сателитот во орбитата се очекува да биде во 2016 година.

Inmarsat исто така планира да изгради мрежа од 300 базни станици за 4G мрежната технологија, низ 28 европски држави, во период од 6 години, кои ќе работат истовремено со Europsat сателитот и на тој начин ќе оформат хибридна мрежа, прва од ваков тип. До сега, постоечка авионска интернет услуга од ваков тип е овозможена само на воздушната територијата на САД и истата се базира и работи само со помош на копнена мрежна инфраструктура. Сателитот Europsat кој Inmarsat планира ќе овозможи многу побрза, посигурна и поквалитетна услуга. Europsat ќе работи на фреквенција од 2 до 4 GHz од S дијапазонот на бранови должини, слично на радарите кои NASA ги користи за комуникација со Интернационалната Вселенска Станица.

Како прва компанија која ќе ги користи услугите на Inmersat, се споменува British Airways. Оваа компанија планира да ги тестира услугите на Inmersat најпрво на домашните релации, па доколку истата се покаже како успешна би ја рашириле низ цела Европа, каде компанијата опслужува 600 летови дневно со нешто повеќе од 130 авиони. Оваа компанија беше првата која им овозможи на своите патници да користат електронски уреди за време на полетувањето и слетувањето, како последица на укинување на одредени закони на европско ниво.

Извори: MailOnline, Gizmag

Претходна статијаVLC ќе додаде поддршка за Chromecast на Android, iOS и десктоп
Следна статијаSamsung ќе претстави превиткувачки таблет во 2015