neocloud-promocija-2015

NeoCloud, една од најдобро развиените платформи за сервиси во Облакот во Македонија, на потенцијалните корисници им нуди можност за заштеда за време на новогодишните празници.

Новите корисници во рамките на промоцијата „Завршете ја годината во облаци“ ќе можат да добијат попуст на месечната претплата за првите три месеци за два сервиси од понудата на платформата.

Поточно, сите нови корисници на некој од пакетите на Виртуелен Дата-Центар (vDC) и Репликација на виртуелна машина (DRaaS-Z) со потпишување на двегодишен договор добиваат 50% попуст на месечната претплата за првите 3 месеци од договорот. Овие корисници и досега имаа можност за попуст од 5% на месечната претплата, попуст на којшто се додава новогодишниот.

Новогодишната промоција трае до крајот на годината, па би ви препорачале да побрзате и да го потпишете вашиот нов договор.

neocloud-logo

Зад neoCloud стои тимот на Неоком, компанија со повеќе од 25 години искуство на македонскиот пазар и со огромен број задоволни клиенти. Неоком во 2015 ја одбележа првата година од креирањето на neoCloud платформата којашто покажа повеќе од задоволителни резултати во своето работење.

Двата сервиси коишто се дел од оваа промоција се главните сервиси коишто на една компанија ѝ се потребни за работа, без разлика на нејзината големина.

Виртуелниот Дата-центар овозможува околина во Облакот којашто нема потреба од инвестиција во сопствен дата-центар. Со изборот од неколку пакети, овој сервис овозможува задоволување на потребите на која и да е компанија.

Со други зборови, компаниите наместо да издвојуваат посебен простор со сервери, климатизација, мрежна опрема, обезбедување и слично за да ги постават нивните компаниски апликации и слично, преку користењето на ваквите сервиси сето тоа го заменуваат со дата-центар во Облакот. Овие дата-центри исто така ги ослободуваат компаниите од потребата од стручни лица за нивно одржување, а за што се грижи компанијата којашто го нуди сервисот.

Компаниите коишто, сепак, имаат инвестирано во сопствен дата-центар, заштитата од можни непогоди коишто се закана за губење на податоците, можат да ја направат преку DRaaS сервисот. Овој сервис им овозможува на корисниците заштеда од дополнителен дата-центар којшто би се користел како бекап на главниот.

Кажано кратко, Облакот е иднината на којашто ќе работат сè повеќе компании. Зошто да се инвестира во развој на целосна инфраструктура, кога тоа може да се препушти на стручните лица коишто имаат повеќегодишно искуство со голем број компании.

Извор: neoCloud

Претходна статијаЕлон Маск најави дека Tesla ќе има функционирачки автопилот за две години
Следна статија„Баг“ на најновата Skype верзија предизвикува измешан редослед на пораките