Steve Jobs Archive, организацијата создадена во 2022 година и зад која стојат пријатели на Џобс, како и неговата поранешна жена, ја објави книгата со наслов „Make Something Wonderful: Steve Jobs in his own words“.

Се работи за е-книга која е достапна бесплатно и до неа може да се дојде на неколу начини. Достапна е како датотека која може да се симне и да се чита преку омилената апликација за книги, а достапна е и преку Apple Books, иако изгледа не во сите земји.

Покрај на овој начин, книгата може да се чита и директно преку страната на организацијата, а оваа посебна страна е дизајнирана од Џони Ајв и неговата LoveFrom компанија. Од оваа компанија имаат направено и посебен фонт специјално за книгата.

„Make Something Wonderful: Steve Jobs in his own words“ е направена како една збирка од интервјуата, говорите, имејл пораките и слично кои ги има направено Стив Џобс.

Како што истакнува поранешната жена на Стив, Лорин Пауел Џобс, која ја започнува книгата:

„Најдобар начин да се разбере една личност е директно да ја слушате таа личност. А најдобриот начин да го разберете Стив е да слушате што има кажано и што има напишано во текот на неговиот живот. Неговите зборови – во говори, интервјуа и е-пошта – нудат прозорец за тоа како има размислувано. И тој беше извонреден мислител“.

Книгата можете да ја читате онлајн на овој линк, а доколку сакате да ја симнете, тоа можете преку овој линк.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаДали Rivian R1S е најдобриот SUV ?
Следна статијаНовата функција на Samsung во апликацијата Global Goals ги мотивира корисниците на Galaxy уредите да учествуваат во постигнувањето на Глобалните цели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.