Фото: Shutterstock.com

Верувањето дека нашите телефони „не слушаат“ додека разговараме и потоа добиваме реклами врз основа на тие разговори не е нешто ново. Има луѓе кои веруваат дека тоа навистина се случува, додека целата работа останува некаде во средина, односно недокажана. 

Според информации до кои имаат дојдено од страна на 404 Media изгледа дека една компанија барем се има обидено тоа да го направи, а не гледам причина зошто тоа и не го правеле со години. 

Од 404 Media доаѓаат до презентација од страна на Cox Media Group (CMG) во која тие ги нудат овие услуги, па дури има дел каде тврдат дека користењето на микрофонот за слушање на корисниците е целосно легална активност. 

Во презентацијата се истакнува дека разговорите се слушаат секогаш кога корисниците се доволно блиску и тоа што се слуша се споредува со веќе постојните информации за тој корисник. 

Со помош на вештачката интелигенција, од компанијата истакнуваат дека собираат податоци од повеќе од 470 извори со цел подобрување на рекламните кампањи и таргетирањето на корисниците. 

Како компании со кои соработуваат со CMG се истакнуваат Google, Facebook и Amazon. Нормално дека овие компании негираат дека воопшто некогаш користеле такви услуги од компанијата, а Google веќе ги имаат тргнато од листата на партнер.

404 Media за оваа практика информираат уште од мината година, а сега се додадени и дополнителни информации од презентацијата. 

ИЗВОРApple Insider
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаНа Weekend.17 доаѓа претседателот на УЕФА Александер Чеферин
Следна статијаIFA 2024: Samsung ја прикажува моќта на своите производи со вештачка интелигенција кои создаваат поврзан свет за сите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.