Скопје, 17. октомври 2019. годинаКомпанијата Samsung Electronics најави смела, несекојдневна мисија – лансирање на Galaxy S10 5G паметниот телефон во стратосферата на околу 20.000 метри над површината на планетата Земја, овозможувајќи им на корисниците да имаат сопствена фотографија од вселената.

Глумицата, моделот и филантроп Кара Делавињ, како официјално лице на „SpaceSelfie“ мисијата, предводена од Samsung и воздухопловната компанија – Flightline Films, ја најави оваа несекојдневна кампања на својот Instagram профил. Неочекуваниот гостин – Samsung астронаутот на Кара ѝ донесе Galaxy S10 5G, со кој популарната глумица ќе го направи првото „вселенско“ селфи на светот.

– Отсекогаш сум била воодушевена од можноста за патување во вселената и со нетрпение чекам да ја водам оваа мисија и да станам првата личност која ќе го прати своето селфи надвор од планетата Земја. Веќе планирам на кој начин ќе ја направам оваа епохална фотографија и се радувам на фактот да видам како моите фанови ќе одговорат на овој предизвик, рече Делавињ.

За време на 50-те години од своето постоење, Samsung постојано претставува најсовремени технолошки иновации. Благодарение на новиот Galaxy S10 5G паметен телефон, кој ќе биде лансиран на самиот лимит на Земјината атмосфера, во хелиумски балон под силен притисок, компанијата повторно ги докажа своите способности да креира производи кои невозможното го прават можно.

– За да ги прославиме сите досегашни достигнувања во светот на технологијата, одлучивме сликањето на селфи да го подигнеме на поголемо ниво. До денес, само астронаутите биле во можност да се фотографираат во вселената, а сега таа можност ќе ја имаат и сите наши корисници, дури и физички ако не се таму, рече Бенџамин Браун, директор на маркетинг за Samsung Europe.

Samsung Galaxy S10 5G е исклучително издржлив телефон, способен да им се спротивстави на најсуровите услови и атмосферскиот притисок кој владее во вселената, без потреба за изолација и дополнителна заштита. Од опцијата за безжично споделување на енергија, па сѐ до паметната Wi-Fi поврзаност и перформансите надградени со вештачка интелигенција, S10 5G е еден од најпаметните и најиздржливи Samsung уреди.

Заинтересираните корисници ќе можат да учествуваат во „SpaceSelfie“ мисијата поставувајќи ја својата фотографија на веб страната: https://samsung-spaceselfie.com/mk/mk/. Фотографиите кои ќе бидат случајно избрани ќе бидат прикажани на Galaxy S10 5G екранот и ќе бидат фотографирани со уникатниот поглед на планетата Земја во позадина. Фотографијата потоа ќе биде вратена назад на Земјата и подготвена за споделување на социјалните мрежи.

Претходна статија10GB за опуштено сурфање со А1 припејд
Следна статијаSamsung идната година ќе претстави смартфон со камера под екранот