Покрај одличните нови камери и сите други „подновени“ карактеристики кај Galaxy S20 телефоните, една карактеристика посебно се истакнува, а тоа е стапката на освежување на екранот од 120 херци.

Со оваа стапка на освежување, корисниците добиваат многу подобро корисничко искуство, а тоа веднаш ќе се забележи при користење на телефонот, од брзото реагирање на екранот при допир, до мазните анимации кои нема да оставаат впечаток како да се „влечат“ по екранот.

Сепак, најверојатно поради заштеда на батеријата, Samsung се одлучи да стапката на освежување на екранот од 120 Hz ја направи достапна само кога телефонот се користи во помала резолуција, односно максимум до Full HD+, додека телефонот има WQHD+, односно 2К резолуција.

Иако разликата во резолуцијата не може баш да се забележи, сепак постои одредена разлика, па повеќето сакаат да ја користат најголемата достапна резолуција на нивниот уред, а тука не се работи само за желба. Сепак, резолуцијата за која е направен екранот, овозможува најдобро корисничко искуство.

Според информациите од Макс Вајнбах кој е доста популарен изминатиот период, а посебно со точни информации за Galaxy S20, Samsung работи на овозможување да 120 Hz стапката на освежување може да се користи и со најголемата резолуција на телефоните.

Според него, оваа можност се планира во наредните 1-3 месеци, што кога ќе се земе во предвид дека телефоните уште не се достапни во продажба, доколку оваа информација е точна, промената прилично брзо ќе биде овозможена.

Покрај оваа информација, исто така познатиот Ice universe најавува дека Samsung ќе овозможи и динамично менување на стапката на освежување, односно уредот сам да одлучува кога да ја намали стапката, а со тоа да заштеди нешто од батеријата.

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаИмаме стар возен парк, половина од возилата се со дизел-мотори
Следна статијаВиталиа се приклучува на Nestlé и Danone во борбата со климатските промени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.