Исто како што минатата година излезе со најави за продажба на Honor подбрендот, Reuters повторно излегува со ексклузивна најава дека сега Huawei планира да ги продаде своите P и Mate серии, односно брендови.

Информациите ги имаат добиено од извори внатре во компанијата кои сепак сакаат да останат анонимни, а ако се земе точноста на информациите за Honor брендот и овој пат може да се очекува високо ниво на сигурност.

Според информациите, во Huawei размислувањата за ваков чекор започнале уште од септември минатата година, а продажбата би се направила на конзорциум од компании заедно со властите во Шангај.

Ова е слично со продажбата на Honor, бренд кој заврши кај група на компании и властите на Шенжен.

Со продажбата на P и Mate сериите, Huawei би се ослободиле од нивната највисока класа на уреди, со што би останале на пазарот со средната и пониската класа.

Секако, причината за ваквото размислување во компанијата е јасно од каде доаѓа. Проблемите кои ги имаат со американските власти не се средија, па дури и се влошија, со што функционирањето на компанијата е доста отежнато, а посебно надвор од Кина.

Покрај тоа што Huawei не може да ги користи сервисите и апликациите од Google, нешто со кое прилично добро се справија, од компанијата не можат да соработуваат со компании за развој и производство на нивниот Kirin чип.

Од Huawei ги негираат овие информации, но истото го направија и минатиот пат за Honor. Сепак, за ова се верува дека не е донесено одлука уште, па не мора да значи дека P и Mate ќе завршат исто како и Honor.

„Huawei дозна дека има неиздржани гласини кои кружат поврзани со можната продажба на нашите водечки смартфон брендови. Нема никаква вистина кај овие гласини. Huawei нема таков план.“ – истакна портпарол од компанијата.

Надежта за промена на ситуацијата останува со промената на претседателот Трамп во САД, но сега за сега новиот претседател Бајден не покажува знаци дека планира промена на оваа политика. Ако има шанса да дојде до некои промени, уште не е јасно кога тие би можеле да се очекуваат.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаМКЦ распишува конкурс за дизајн на постер за ЗДРАВО МЛАДИ 2021
Следна статијаYouTube сега е PWA и може да се инсталира како десктоп апликација преку интернет прелистувачите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.