Во изминатите 10 години, на визуелниот облик на фестивалот имавме чест и задоволство да работиме со исклучително талентирани дизајнери на кои сме им неизмерно благодарни. Дизајнот за ЗДРАВО МЛАДИ 1, 2, 3 и 4 беше дело на нашиот вечен арт-директор Иван Петрушевски – Флим. 5-тото и 6-тото издание го дизајнираше нашиот драг пријател од Загреб, Дарко Кујунџиќ, додека седмиот ЗДРАВО МЛАДИ го среди домашната Кристина Горовска. Лик на 8-то издание на фестивалот му даде Ѓорѓи Јаневски, а 9-тото и 10-тото издание го потпишаа другарите од fabricca.

Во тек се подготовките за 11-тото издание на фестивалот на нова музика и сакаме постерот/дизајнот за ова издание да го направите вие. Некој/а што го сака фестивалот, кој/а имал/а идеја и замисла како може да изгледа ликот на омилениот негов/нејзин фестивал.

Така што, доколку имате идеја и желба да бидете дел од фестивалот, седнете и изразете се најдоцна до 14 февруари и пратете ни предлог како мислите дека треба да изгледа дизајнот за ЗДРАВО МЛАДИ 11.

И тоа не е сè…

Ќе наградиме 3 дизајни, од кои првонаградениот ќе биде официјалниот дизајн за ЗДРАВО МЛАДИ 11.

Наградите се во вредност од:

  • [прва награда] 12.000 денари 
  • [втора награда] 5.000 денари
  • [трета награда] 3.000 денари

Сите примени дизајни ќе бидат дел од групна изложба, која ќе се реализира во рамки на 11-тото издание на ЗДРАВО МЛАДИ закажано за 26 и 27 август 2021 во/околу МКЦ.

Вашите предлози испратете ги на info@mkc.mk со наслов „и јас сум ЗДРАВО МЛАДИ 2021“ најдоцна до 14 февруари 2021.

Претходна статијаХуавеј објави Топ 10 трендови на дигиталната моќност
Следна статијаReuters најавува дека во Huawei се размислува за излез од пазарот на смартфони од највисоката класа