Не останува уште многу време за чекање до Unpacked настанот на Samsung на кој ќе ги претстави новите телефони од Note серијата. Се очекува претставување на три модели, исто како кај годинешната S серија, односно Galaxy Note20, Note20+ и Note20 Ultra.

Настанот ќе се одржи на 5-ти август, овој пат само онлајн, а како и секогаш ќе може да се следи во живо со почеток во 16:00 часот по македонско време.

Повеќето неофицијални информации досега беа за Ultra моделот, можеби поради типот на купувачи на Note серијата кои го сакаат најдоброто од Samsung во моментот. Конечно имаме и една слика од првиот модел во листата, односно Galaxy Note20.

Како што најчесто е случајот, не се работи за вистинска слика, туку за „рендер“ направен од достапните информации, а во овој случај го имаме изгледот на телефонот од сите страни.

Може да се види дека Note20 ќе го задржи стилот од S20-ките, односно камерата на предната страна ќе биде поставена во мала дупка на средината од горниот дел од екранот, што според мене е многу подобро решение од било кој исечкот којшто го користи дел од конкуренцијата, а посебно се’ уште непотребно големиот исечок кај iPhone телефоните.

На задната страна може да се забележи веќе карактеристичниот модул за камерите, а за разлика од тоа што можевме да видиме кај Ultra моделот, Note20 изгледа нема да го има четвртиот сензор кој се користи за правење 3D слики, како и мерење на оддалеченоста на објектот што се слики со што може да се прават одредени ефекти.

Ова е случајот и кај S20 серијата, па не гледаме причина зошто истото нема да биде пренесено и кај Note20-ките.

Сликата доаѓа од познатиот Evan Blass, односно @evleaks, а можете да ја погледнете на „твитот“ во продолжение.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаITFIT е безжичен полнач од Samsung кој има и УВ светло за дезинфекција на уредот кој се полни
Следна статијаApple Pencil во иднина ќе може да препознава бои од вистински предмети
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.