Како што е веќе одамна нормално, настаните за претставување на телефони од производителите се тука само за да ни ги потврдат неофицијалните информации, барем за нас што редовно ги читаме. Повеќето информации, слики и на крај и видеа, се објавуваат од познатите „протекувачи“ на информации, па конечно го имаме и првото видео од Note20 Ultra.

Видеото, кое можете да го погледнете на почетокот од оваа статија, доаѓа од YouTube каналот „Jimmy is Promo“, а истото целосно го прикажува изгледот на овој телефон.

Покрај тоа, може да се видат и верзијата на софтверот, ознаката на телефонот, како и уште неколку информации.

Погледнете го видеото, па кажете што мислите за новиот Samsung Galaxy Note20 Ultra, кој треба да биде еден од три модели кои ќе ги претстави Samsung.

Инаку, настанот на којшто ќе бидат претставени Note20 телефоните е официјално закажан за 5-ти август, со почеток од 16:00 часот по македонско време и оваа година од познати причини ќе се одржи само онлајн.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаЛозинки од милијарди кориснички сметки се достапни во „интернет подземјето“ спремни за продажба
Следна статијаMicrosoft Teams ќе добие повеќе нови можности кои ќе ги подобрат видео конференциите за компаниите и образовните институции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.