Како што се ближи почетокот на идната година, се повеќе ќе почнат да излегуваат неофицијални информации за наредните телефони од Galaxy S серијата на Samsung, односно Galaxy S11 кои треба да бидат претставени на крајот на февруари.

Познатите @OnLeaks и 91mobiles, како што и би се очекувало од нив, излегоа со првите неофицијални рендери од тоа како ќе изгледа Galaxy S11 според информациите кои тие досега ги имаат.

Покрај сликите, тие имаат спремно и 3D видео приказ на телефонот, којшто овозможува да се види како ќе изгледа од сите страни, а видеото е на почетокот од статијата.

Според нив, односно според рендерите кои ги имаат направено, Galaxy S11 сепак ќе го задржи стилот на претходната S серија и на Note серијата, па предната камера ќе биде поставена повторно во екранот и ќе се гледа како една мала дупка.

За разлика од S10, дупката ќе биде поставена во средината, како што е направено кај Note10 телефоните, а и така изгледа многу подобро.

Од искуството при тестирањето на Note10, дупката многу малку се забележува и по краток период на привикнување, таа веќе е нормален дел од екранот. Подобро изгледа од исечок, па дури и од најмалите, најмногу поради фактот што остава поголем дел од екранот да прикажува светлина.

Втората поголема новина која се гледа на рендерите е поставеноста на задните камери. Тие наликуваат до некаде на iPhone 11 и на Pixel 4, а покрај трите стандардни камери, се најавува додавање и на два дополнителни сензори.

Едниот би бил сензор за откривање на длабочината на сликата, додека за вториот, односно петтиот вкупно сензор, немаат информации каков ќе биде.

Една од подобрите најави за Galaxy S11 е дека телефоните ќе дојдат со екран кој ќе има стапка на освежување од 120 Hz, со што може да се очекува многу помазна работа и слика.

ИЗВОР91mobiles
Претходна статијаMicrosoft ја откажува Cortana апликација за Android и iOS
Следна статијаFacebook има тестирано, па откажано апликација која ги препознава корисниците на мрежата преку скенирање на лицето со камерата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.