Фото: Apple

Apple оваа недела ги пушти јавните бета верзии од нивните оперативни системи. Овие бета верзии постојат изминатите неколку години, а се наменети за сите корисници, односно не само за програмерите како порано.  

Сепак, уште на почеток да ве предупредам, се работи за бета, тест верзии, па можни се одредени проблеми, иако се ретки, па не би препорачал да ги инсталирате на некој уред кој секојдневно го користите за работа и комуникација. 

На страна предупредувањето, бета верзиите се прилично стабилни, а од нив може да се добие целосната претстава за новините претставени на WWDC25, како и новиот Liquid Glass дизајн. 

Овој нов дизајн е главен во новите верзии, но достапни се и дополнителни функции кои не се поврзани со дизајнот. Посебно се истакнуваат новиот начин на работа со прозори на iPadOS, како и големото подобрување на Spotlight во macOS

За инсталација на бета верзијата од било кој од системите, а претходно проверете дека се што ви важно е зачувано на сигурно место или во „облакот“, треба да отидете во Settings > General > Software Update.

Во овој дел ќе отидете во делот Beta Updates од каде ќе изберете iOS 26 Public Beta или било кој од другите системи доколку инсталирате на iPad или Mac. 

Во мојот случај, бета верзиите се доста стабилни и работат побрзо од претходните верзии од бета за програмерите. Има одредени „проблеми“, односно се гледа дека е бета верзија, но за тие кои не им се чека до септември, тие не претставуваат проблем. 

Претходна статијаЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом
Следна статијаЕМОФ Скопје 2025: Македонските репрезентации поразени во разигрувањето од 5 до 8 место
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.