Сте се запрашале ли некогаш како изгледа безгрижноста? Песочни плажи, бескрајни зајдисонца и солениот вкус на морето. Сето тоа надополнето со совршена плејлиста и беспрекорно организиран баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот. Навидум звучи како бајка, но што ако ви кажеме дека Samsung, вашиот најдобар пријател е тука бајките да ги претвори во реалност? Што велите за една безобразно добра комбинација на паметен телефон на кој ќе можете да ги гледате омилените филмови, со леснотија да ги завршувате сите работни обврски и да уживате во моментите резервирани за забава и уживање. Чувството е прекрасно кога знаете дека има кој да се грижи за вас.

Креативна фантазија на ново ниво

Создаден за ултра модерни, софистицирани и личности со префинет вкус, генијалниот Galaxy Z Fold3 5G ги надминува очекувањата дури и на оние со најлуда и несекојдневно креативна  фантазија. При самото вклучување на Fold3 5G ќе бидете сигурни дека го имате телефонот на иднината. Токму овој уред е создаден за да биде предводник на револуцијата на екраните на превиткување. Благодарение на Flex режимот, Galaxy Z Fold3 5G ја покажува својата моќност со уникатната способност да стои исправено. Овој симетричен и балансиран дизајн се отвора за да можете лесно да навлезете во следната ера на паметните телефони. Кога 7,6-инчниот Infinity Flex екран се осветлува, како магија, камерата под екранот исчезнува – не оставајќи ништо друго освен она што е на екранот. Најтенкиот Galaxy Fold досега што се собира во џеб, со големи екрани, одвнатре и однадвор. Кога е преклопен, тој е 6,2-инчен паметен телефон којшто се собира во една рака. Овој 22.5:18 AMOLED Infinity Flex екран нема дупка за камерата, зa комплетно обземувачко искуство на целосен екран. Што значи ова? Вашите омилени серии и филмови може да ги гледате со непречено уживање каде и да се наоѓате. Без разлика дали ве очекува долг лет или едноставно сакате да уживате во природа, Galaxy Fold3 5G ќе биде тука да ве забавува!

Доволно компактен, а сепак толку елегантен

Најтенкиот Galaxy Fold досега што се собира во џеб, со големи екрани, одвнатре и однадвор. Кога е преклопен, тој е 6,2-инчен паметен телефон којшто се собира во една рака. Кога е отворен, имате проширен преглед што ви отвора нови можности.

За ништо да не остане незабележано

За сите генијални идеи, незаборавни моменти и креативни напливи, тука е првото S Pen пенкало за уред на преклоп. Прецизност за која твоите прсти може само да сонуваат кога го допираат пенкалото до стаклото. Тука е и Flex режимот со кој може и да гледате, да правите видеоповици и многу повеќе без да ги користите рацете. Совршено за мултитаскинг.  Го дели екранот на два дела, овозможувајќи ви да работите попаметно — на пример, на  горната половина да може да бидете на повик, а на долната да пишувате белешки. Поделете го големиот екран на три апликации стовремено, а потоа отворете уште пет други преку pop-up. Зачувајте групи апликации на Edge панелот за да може да ги отворите подоцна за инстант мултитаскинг, а потоа гледајте, разговарајте и правете многу повеќе работи одеднаш. Истовремено, работи непречено со вашите Microsoft апликации, овозможувајќи ви да отворите подобар работен простор и навреме да ги завршите предвидените обврски. Овој неверојатен телефон е продуктивен како компјутер, а се собира во дланка и може да си го понесете со себе.

Не пропуштајте ни секунда

За љубителите на видео игрите имаме одлична вест! Брзината на освежување од 120 Hz овозможува непречено играње и гледање и на надворешниот и на главниот екран. Движењето е јасно и брзо дури и во моментите со најмногу акција, за да добиете предност во играта, со секое преклопување. А процесорот од 5 nm ве одржува во игра со поголема брзина.

Да, нашата најреволуционерна ѕвезда од Галаксијата е создадена за оние кои бараат и заслужуваат повеќе. Оваа ѕвезда е создадена само за вас!

Повеќе информации за производот може да најдете на: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold3-5g/

Претходна статијаИнженер во Google тврдеше дека еден од системите со вештачка интелигенција во компанијата има достигнато самосвесност, сега е отпуштен
Следна статијаРеновирана и модернизирана бензинската станица на „Макпетрол“ во Дебар