Dean Hachamovitch е уште еден од неколку лица кои што беа на главни позиции во Microsoft кои што ја напуштаат компанијата. Со оглед на промената на главниот директор, што е само трет од постоењето на компанијата, како и поголемата промена во нејзината политика и стратегии, не е воопшто чудно да некој од старите шефови сепак не остане на својата позиција или генерално во компанијата.
Според информациите тој не заминува да работи во некоја друга поголема компанија, но повеќе детали околу причините за заминувањето не се објавени. Тој на својот блог на кратко информира дека си заминува во неколку реченици:
На факултет јас го сакав мојот Mac и имав силни чувства за Microsoft Word. Да го направам Word подобар звучеше кул. Добив понуда за работа од компанијата и помислив, „Ќе го пробам ова една година“.
Можноста да работам со силни луѓе низ индустријата и да придонесувам за технологијата и производите кои што се важни траеше многу подолго од тоа.
Спремен сум да уживам во различен поглед на технологијата и животот, по Microsoft.
Dean станува дел од тимот на Internet Explorer во 2003 година како главен на тој сектор. Интернет прелистувачот кој што успеа да добие важна битка со Netscape, потоа целосно ја губи популарноста на сметка на Firefox, а подоцна и од Chrome. Dean дури признава на конференција во 2006 година дека тие имаат згрешено и дека колку и да се посветени на развојот на IE, тоа го немаат доволно добро покажано.

Internet Explorer во последните неколку верзии веќе не е оној прелистувач кој што беше добар само за да симнете некој друг, но поради паднатиот углед, корисниците останаа да ги користат алтернативите.
Иако не е официјално потврдено, можно е Microsoft наредната верзија од Internet Explorer, поточно верзија 12, целосно да ја редизајнира и конечно да го направи на ниво со другите прелистувачи, а тука најмногу мислејќи ја поддршката за додатоци кои што работат многу подобро. Каква и да биде, оваа верзија од прелистувачот ќе биде дел од Windows 10, а можеби од компанијата ќе решат да ја претстават нешто порано, односно како дел од тест верзиите од оперативниот систем.
Dean Hachamovitch беше преместен од позицијата главен на Internet Explorer тимот пред околу една година на друга позиција.
Извор: The Verge, GeekWire, Dean Hachamovitch