browserchoice

Поради големиот удел кој што Internet Explorer го има на пазарот, Европската Комисија во 2009 донесе одлука која што од Microsoft бараше да за новите корисници во Европа не го вклучува стандардно нивниот прелистувач. Наместо тоа, корисниците добија посебна мала апликацијата која на која што беа прикажани алтернативните интернет прелистувачи, како Mozilla Firefox, Google Chrome и слично, по што корисниците сами требаа да изберат кој сакаат да го инсталираат.

Ова овозможи да корисниците изберат кој прелистувач сакаат да го користат, наместо Internet Explorer веќе да им биде инсталиран. Целта на ваквата одлука беше да се овозможи корисниците да пробаат некој од другите прелистувачи, нешто што се смета дека голем дел од корисниците не го прават поради достапноста на Internet Explorer. Се разбира тука се мисли на постарите корисници, а младите денес сигурно не го користат прелистувачот кој што има е инсталиран на оперативниот систем, само поради тој факт.

Европската Комисија е позната по вакви одлуки, кои што во денешно време полека се насочуваат и кон Google. Дали ваквиот начин на функционирање на Европа е добро или не, покажуваат повеќе анализи на ефектите.

Одлуката која што беше донесена, како и да е, од оваа недела е истечена, па Microsoft веќе не мора да го нуди изборот на прелистувачи на европските корисници. Тие минатата година беа и казнети од страна на Комисијата поради не прикажување на изборот на сите европски корисници во сума од околу 700 милиони долари.

Сега може да се каже слободно дека ситуацијата е променета. Иако Internet Explorer држи голем дел од пазарот, се’ уште, сепак тој ретко е избор на корисниците. Се користи најмногу од страна на компаниите и корисници кои што не им е доволно важно да инсталираат друг. Со зголемување на корисници на таблет компјутер, а и намалување на бројката на Windows корисници, полека местото на главен прелистувач го презима Google Chrome.

Извор: The Verge, Windows Central, Microsoft

Претходна статијаМоето искуство со Андроид 5.0 Lollipop на Nexus 7 (2012)
Следна статијаПоранешниот долгогодишен главен на Internet Explorer тимот го напушта Microsoft
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.