derbyport2

Технологијата на 3D печатење која што има уште доста да напредува, сепак веќе има доста голема примена и покажува што се може да очекуваме во иднина. Се разбира, оваа технологија може да се користи за многу повеќе и корисни работи од тие што често ги гледаме како пример, а се направени да бидат чисто интересни.

Овој пример покажува како 3D печатењето може да олесни правење на одредени работи кои што во иднина секој од нас ќе може да ги прави дома. Се работи за печатење на протеза која што е направена точно на анатомијата на куче кое што е родено со деформирани предни нозе, поради што му е ограничено нормалното движење.

Кучето кое што се вика Derby, е родено со деформација на предните нозе поради која тие се свиткани на половина, па тоа не може да се движи нормално. Сопственичката го има земено од организација за заштита и посвојување на кучиња. Таа работи во компанијата 3D Systems, од каде што и доаѓа идејата да се обиде со 3D испечатено решение.

derby-port1

derby8

Пред да се обиде со 3D технологијата, таа има пробано со неколку други протези, меѓутоа ниту една не може да го понуди она што го нуди точно направената 3D испечатена протеза.

Во продолжение можете да го видите видеото во кое што е кратко претставена приказната на Derby.

Извор: 3DPrint, Engadget

Претходна статијаПоранешниот долгогодишен главен на Internet Explorer тимот го напушта Microsoft
Следна статијаGestures Beta за Windows Phone од Microsoft
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.