Во септември минатата година OpenAI го претстави нивниот прв јазичен модел кој, како што се нарекува, е способен да расудува. OpenAI o1 е јазичен модел кој е замислен да се користи за посериозни барања и не е поврзан со интернет, односно ги нема најновите информации. 

OpenAI o1 како јазичен модел е направен на начин да подолго размислува пред да го даде својот одговор, а од тука доаѓаат и резултатите кои говорат дека овој модел прави многу помалку грешки. 

Начинот на којшто се тренира новиот модел е поразличен од претходните, па наместо обидот да се вадат важните информации од податоците, o1 се тренира со техника која му дава на моделот награди и казни за точноста и успешноста на решавањето на задачите.

OpenAI o1, за разлика од другите модели, воопшто не им е достапен на бесплатните корисници на ChatGPT, а на тие кои ја плаќаат Plus претплатата им е достапен во ограничена форма. Целосен пристап до o1 имаат претплатниците на поновата Pro претплата која чини 200 долари месечно. 

Дали како реакција на кинескиот DeepSeek R1, јазичен модел кој со многу помалку ресури наводно ја достигнува способноста на o1, Microsoft излезе со новина кај нивниот Copilot кој во главно работи со јазичните модели од OpenAI.

Сите корисници на Microsoft Copilot од оваа недела добиваат бесплатен пристап до OpenAI o1 јазичниот модел, а засега нема ограничување на користењето според вид на корисник. 

OpenAI o1 може да се вклучи преку копче на лентата за текст кое е означено со „Think Deeper“, соодветно. Одговорот во споредба со другите јазични модели се чека нешто подолго време, односно не се добива веднаш, па зависно од барањето, тој може да потрае и до цела минута. 

Секако, потребно е најавување со Microsoft сметка, па се што треба е да го отворите Copilot на оваа страна: https://copilot.microsoft.com

Претходна статијаГачевиќ: ЦЕФТА се покажа како клучен партнер во процесот на интеграција на регионот во Единствениот пазар на ЕУ
Следна статијаПостарите верзии од Google Chrome ќе ја изгубат поддршката за синхронизирање на омилени страни, лозинки и останати податоци
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.