OpenAI, како почеток на нивниот „12 Days of OpenAI“ настан на претставување на нови функции, ја претстави финалната верзија од OpenAI o1 јазичниот модел и целосно нов пакет за претплата ChatGPT Pro.
ChatGPT Pro е пакет кој чини 200 долари месечно и е наменет за истражувачите, инженерите и другите корисници кои имаат посериозна потреба од генеративната вештачка интелигенција и големите јазични модели.
Овој пакет вклучува неограничен пристап до најпаметните модели од компанијата, односно OpenAI o1, OpenAI o1 mini, GPT-4o, како и Advanced Voice режимот. Тоа што го прави пакетот посебен е што има пристап до o1 моделот во Pro режим кој овозможува подобри перформанси, побрзо давање на одговори, како и повисоко ниво на точност.
OpenAI o1 моделот беше претставен во септември оваа година во „preview“ форма, а сега им станува достапен на сите корисници кои плаќаат претплата.
Овој модел може да се каже дека е понов вид на модел и доаѓа кратко кажано со способноста да расудува. Поради тоа може да се користи за доста посложени проблеми и задачи, а и одговорите ги дава за подолго време.
Корисниците кои ќе го користат овој модел ќе забележат информација која им кажува до каде е одговорот поради времето на чекање кое е подолго од другите модели.
Користењето на OpenAI o1 и ChatGPT Pro може да се очекува да им помогне на доста научници и истражувачи од една страна да ја олеснат и забрзаат својата работа, но и да ги направат потребните напредоци од друга.