OpenAI ја претстави првата верзија од нивниот нов вид на голем јазичен модел, OpenAI o1. Овој јазичен модел може да се каже дека е во правец на развојот на генералната вештачка интелигенција, односно ВИ која ќе функционира како луѓето, па дури и подобро. 

Во оваа фаза o1 се смета како тест верзија, а достапна е и помала и поевтина верзија o1 mini. Главната предност и намена на овој нов јазичен модел е да може да решава доста посложени проблеми, иако во оваа фаза не доаѓа со одредени способности кои ги имаат моменталните модели како GPT-4o, односно нема пристап до интернет податоците, нема можност за креирање на слики и слично. 

Целосно новиот начин на развој на јазичните модели се гледа и од користењето на бројката 1 во оваа верзија, што значи дека o1 не е директен наследник на претходните јазични модели. 

OpenAI o1 како јазичен модел е направен на начин да подолго размислува пред да го даде својот одговор, а од тука доаѓаат и резултатите кои говорат дека овој модел прави многу помалку грешки. 

Начинот на којшто се тренира новиот модел е поразличен од претходните, па наместо обидот да се вадат важните информации од податоците, o1 се тренира со техника која му дава на моделот награди и казни за точноста и успешноста на решавањето на задачите. 

Од OpenAI истакнуваат дека o1 има способност слична на студенти за докторати кога се во прашање научни дисциплини, како што се физика, хемија и биологија. Овој модел исто така е доста подобар кога се во прашање математичките проблеми, како и програмирање. 

Во тест кој се дава од страна на Mathematics Olympiad GPT-4o точно има решено 13% од проблемите, додека новиот o1 83%. Способноста за програмирање е стигната до ниво од 89%, па јасно станува зошто овој модел се смета за почетокот на многу поспособни јазични модели. 

OpenAI o1 засега е во тест фаза, но ќе им биде достапен на платените ChatGPT корисници, како и на програмерите, но со доста повисока цена од претходните модели. o1mini се планира да им стане достапен на бесплатните ChatGPT корисници, но засега не е познато точно кога. 

ИЗВОРOpenAI
Претходна статија20 ГОДИНИ НЕОТЕЛ: Прослава на две децении пионерство во телекомуникациите
Следна статијаСвечено отворање на сертифицираната Винчини Академија за пекар, слаткар и кондитор
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.