Фото: OnePlus

Оваа година Google, како и останатите производители нешто подоцна почнаа со пуштање на наредната верзија од Android. За корисниците на Pixel уредите процесот започна минатата недела, со најава дека и останатите производители ќе следат. 

Со оглед на тоа што корисниците на Samsung можат да ја очекуваат One UI 7 верзијата, направена на Android 15 дури на почетокот од идната година, OnePlus изгледа ќе бидат меѓу првите кои ќе ги надградат телефоните на своите корисници. 

Од компанијата официјално го претставија OxygenOS 15, кој го промовираат како систем кој работи доста побрзо, а посебно во делот на анимациите, но и систем со интегрирана вештачка интелигенција и редизајн на дел од корисничкиот интерфејс. 

Како што веќе пишувавме од достапни официјални и неофицијални слики, редизајнираните делови од OxygenOS се направени скоро исто како кај iOS 18. Кинеските производители обично и не се ни трудат да ги сокријат ваквите одлуки, но на крајот доколку изведбата е добра, не гледам никаков проблем со тоа. 

Корисниците можат да го користат класичниот за Android начин на прикажување известувања и брзи контроли, но можат да го користат и новиот iOS стил, каде со повлекување на десната страна го прикажува контролниот центар без известувањата. Овој дел и најмногу потсетува на iOS 18, а слични се и можностите за измена на заклучениот екран. 

OnePlus големо значење дава на брзината на работа на OxygenOS 15, а тоа посебно се истакнува преку брзината на отворање и затворање на апликациите, како и колку е „мазна“ анимациите при овие активности. 

Во последно време доста е популарна споредбата со iOS, како систем кој најдобро работи на овој план, па OnePlus го користат овој стил на видеа да прикажат колку брзо работи нивниот OxygenOS 15. 

На крајот, тука е и интеграцијата на генеративната вештачка интелигенција и големите јазични модели. Секако, веќе нема претставување на нова верзија од оперативен систем без ваква интеграција. 

Функциите кои ќе им бидат достапни на корисниците се стандардни и веќе познати од конкурентите, па тие ќе можат да прават измена на текст, сумирање на текст, пишување на текст, бришење на делови од сликите, нивно подобрување, тргање на заматени делови и повеќе.

Процесот на надградба на телефоните со OxygenOS 15 ќе започне од 30 октомври и најновите уреди како OnePlus 12, а ќе трае до февруари со постарите модели како OnePlus 10R. 

Видеото од OnePlus за презентација на OxygenOS 15 можете да го погледнете во продолжение

ИЗВОРOnePlus
Претходна статијаApple официјално го најави претставувањето на нови Mac компјутери идната недела
Следна статијаНаскоро се затвораат пријавите за Millennium Run: Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од спортскиот спектакл во срцето на Подгорица
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.