Фото: Samsung / SDC24

Сигурно се сеќавате на времињата кога по пуштањето на официјалната најнова верзија од Android се чекаше со месеци производителите како Samsung да ги надградат нивните телефони. Тоа беше доста подобрено изминатите години, па може да се каже дека веќе и престанавме да мислиме на надградбите, а тие доаѓаа доста брзо. 

Оваа година ќе не потсети на старите „маки“, барем за корисниците на Samsung, а се надевам дека ова ќе биде само исклучок. 

Најновата верзија од One UI, која е направена на најновата и веќе пуштена верзија од Android, ќе почне да им биде пуштана на корисниците дури идната година. Поточно, овој процес треба да започне во јануари кога ќе биде претставена новата Galaxy S25 серија. 

Информацијата за достапноста на One UI 7 доаѓа директно од Samsung во рамки на презентациите од SDC24. 

Бета верзијата од One UI 7 ќе биде достапна оваа година, па корисниците кои имаат соодветен телефон и се во земја каде ќе има достапност ќе можат да го пробаат новиот систем порано. 

За време на презентацијата беше најавена и поголема промена кај One UI 7. Дополнително, се истакнува дека корисниците ќе можат да направат какви сакаат промени со познатата Good Lock апликација од компанијата, што асоцира дека стандардно корисниците ќе имаат нешто помал избор за промени. 

Во продолжение можете да го погледнете делот од видеото каде се говори за One UI 7 во рамките на SDC24. 

Претходна статијаПродавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври
Следна статијаSkopje Tattoo Show ќе го обои градот со уметност, култура и креативност
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.