Како што беше најавено уште од почетокот на годината, Windows 10 Mobile официјално веќе нема да биде поддржуван од 10 декември 2019, односно од вчерашниот ден.

Ова кратко кажано значи дека доколку уште сте корисник на накои од Lumia уредите кои работат на овој оперативен систем, би било препорачливо да што е можно поскоро го замените со некој друг. Microsoft, според соработката со компаниите, „сака“ да се префрлите на Android, каде се достапни сите нивни апликации, како и посебен launcher кој го менува изгледот на главниот екран.

Крајот на поддршката за Windows 10 Mobile значи дека корисниците веќе нема да добиваат безбедносни надградби, додека нови функции веќе одамна не добиваат. Со тек на време оперативниот систем и нема да може баш да се користи поради тоа што ќе престанат со функција и одредени сервиси, како тој за правење на бекап, на пример.

Кога на ова ќе се додаде дека повеќето апликации достапни за оваа платформа, одамна не добиваат нови верзии, а тие никогаш и не го добија потребното внимание за да бидат исти како на другите платформи, користењето на Windows телефон ќе стане целосно невозможно.

Доколку како корисник имате одредени прашања поврзани со крајот на поддршката за Windows 10 Mobile, Microsoft на својата страна има одговор за неколку кои смета дека би биле најчести, па можете да ги погледнете.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаTrash for Art 2019
Следна статијаApple објасни зошто iPhone 11 ја проверува локацијата и покрај исклучувањето на пристапот за сите сервиси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.