Официјално пристигна наредната генерација од графичките картички од Nvidia. Претставена е GeForce RTX 50 серијата која треба да донесе доста подобрување кај можностите за работа на професионалците, како и кај игрите.
Тоа што посебно се истакнува, а секако е целосно очекувано, е новата Blackwell архитектура на која е направена RTX 50 серијата. Оваа архитектура ја донесува вештачката интелигенција за „гејмерите“, програмерите и креативците, истакна основачот и директор на Nvidia Џенсен Хуанг.
Уште една новина треба да направи голема разлика кај новата серија на картички, а тоа е DLSS 4. DLSS 4 воведува Multi Frame Generation, користејќи AI за генерирање до три дополнителни фрејмови за секој рендериран фрејм, што резултира со зголемување на перформансите до 8 пати во споредба со традиционалното рендерирање. Оваа технологија ќе биде поддржана во над 75 игри и апликации при лансирањето.
GeForce RTX 5090, водечкиот модел во серијата, содржи 92 милијарди транзистори и обезбедува над 3.352 трилиони AI операции во секунда. Ова овозможува значителни подобрувања во рендерирањето и графичката реалност, со поддршка на нови технологии како што се RTX Neural Shaders, кои користат мали AI мрежи за постигнување филмски квалитет на материјали и осветлување во реално време.
Покрај десктоп моделите, серијата GeForce RTX 50 ќе биде достапна и за лаптопи, носејќи ги сите карактеристики на десктоп верзиите во преносливи уреди. Новата генерација на NVIDIA Max-Q технологијата овозможува продолжување на траењето на батеријата до 40%, без компромис во перформансите.
GeForce RTX 50 серијата ги вклучува RTX 5090, RTX 5080, RTX 5070 и RTX 5070 Ti. Цените почнуваат од 549 долари, па одат се до 2000 долари за најдобрата картичка.
Како новата GeForce RTX 50 серија ќе се покаже во споредба со претходната генерација, најдобро ќе видиме кога ќе излеат независните тестирања.
Претставувањето на новата серија беше направено до страна на директорот на Nvidia и можете да го погледнете во продолжение.